Николо дел Абате (итал: Niccolo dell' Abbate; Модена, Италија, 1509/1512Фонтенбло, Франција, 1571),[1] познат како Николо дел'Абате и Николо Абати, бил италијански маниристички сликар.

Николо дел Абате
Роден 1512, 1509
Модена, Италија
Починал 1571
Фонтенбло, Франција
Познат Сликарство

Од 1552 работел во Франција каде заедно со Франческо Приматичо бил водач на првото фонтенблоково училиште. Абате бил под стилско влијание на Андреа Мантења илузионист, но исто така и на Кореѓо. Уште позначаен бил неговиот карактеристично маниристички третман на пределот, како во Грабнувањето на Прозерпина.[2] Во неговите дела забележливи се сличностите со Досо Доси, како и со Јоахим Патенир и антверпенската школа. Тој лично го вовел маниризмот во француското пределно сликарство. Неговата главна слика е "Приказна за Аристај".

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Hoiberg 2010, стр. 10–11
  2. Blunt 1953, стр. 61

Литература

уреди
  • Blunt, Anthony (1953). Art and Architecture in France: 1500 to 1700. London, UK: Penguin Books. LCCN 54008892.
  • Hoiberg, Dale H., уред. (2010). „Abbate, Niccolò dell',“. Encyclopædia Britannica. I: A-Ak - Bayes (15. изд.). Chicago, IL: Encyclopædia Britannica, Inc. ISBN 978-1-59339-837-8.

Надворешни врски

уреди