Никола Трајаноски

Никола Ефтов Трајаноски ( 1924 во Кичево — се води како исчезнат во Белград, Србија) — македонски активист, учесник во народно-ослободителното движење.[1]

Никола Трајаноски
Роден 1924 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал непознато
последната трага му се губи во Белград, Србија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнувал од занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште го изучувал абаџискиот занает. Во стара Југославија бил на печалба во Белград и работел како работник. Како напреден младинец се вклучил во демонстрациите што ги организирала КПЈ и по окупацијата на Југославија се вратил во Кичево. По кус престој во Кичево, повторно се вратил во Белград, каде бил осомничен за активност во СКОЈ, по што бил фатен и однесен во логорот на Бањица. За понатамошната негова дејност ѝ погибија ништо не е познато.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 137.