Никола Силјаноски

Никола Силјаноски ( 1900 во Заград, Порече27 август 1943 во Заград, Порече) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Никола Силјаноски
Роден 1900 година
Заград, Порече
Починал 27 август 1943 година
Заград, Порече
Народност Македонец

Животопис

уреди
 
Споменик на НОБ во село Растеш, на кое се наоѓа и името на Никола Силјаноски.

Бил роден во 1900 година во селото Заград кај Македонски Брод. По занимање бил земјоделец. Познат револуционер од времето на Стара Југославија, како демократ, се борел на изборите. По окупацијата веднаш започнал отворена борба против бугарската власт и се борел како илегалец. Полицијата го фатила и по долго измачување го запалиле на селската ширина на 27 август 1943 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.235