Никола Павлев Николовски
Никола Павлев Николовски (прекар Митре) ( 1926 во Дебарско — 1944 во Добри Дол (Скопско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиВо родното село бил принуден да се занимава со земјоделство и сточарство. Тешките услови за живот го принудиле да се досели во Скопје со надеж на подобар живот. Во Скопје работел како општ работник. Учествувал во разни акции за помош на вооруженото востание против окупаторот. На 5 септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец во втората чета на четвртиот баталјон. Се одликувал со скромност и совесност. Во една борба на бригадата против балистичките банди, бил убиен во месноста Добри Дол.[1]