Никола Велички
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Епископ Никола или Никола Велички (роден во 12 јуни 1974, Скопје) — архијереј на Македонска православна црква. Во 2024 година го добил титулата епископ Велички.
Животопис
уредиЕпископот Велички г. Никола е роден на 12.06.1974 г. во Скопје, во православно македонско семејство. Дипломира на Катедрата за општа и компаративна книжевност, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на Катедрата по византологија на Карловиот универзитет во Прага, каде се образува во областа на средновековната литература.
Монашкиот живот го започнува во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе. Замонашен е на 18.12.1998 г., а следниот ден е ракоположен во ѓаконски чин. Во свештенички чин е ракоположен во октомври 1999 г.
Ракопроизведен е во игуменско достоинство на 19.08.2006 г. и поставен е за старешина на древниот манастир „Свети Никола“ во Мариово. Од почетокот на 2008 г. активно се посветува на ревитализацијата на речиси разурнатиот манастир во Мариово, а првенствено се возобновува манастирскиот комплекс, се прават редица конзерваторско-реставраторски зафати во црквата, се обновува богослужбениот и духовниот поредок, се развива манастирската економија. Денешното братство на манастирот е составено од тројца монаси. На предлог на митрополитот Преспанско-пелагониски Петар Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија во 2012 година го бира за архимандрит, а ракопроизведен е на храмовиот празник во соборната црква „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола.
На 24.01.2008 година на Богословскиот факултет на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија бранеше магистерски труд со темата „Придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во 20-иот век“[1]. Овој труд е објавен на македонски и руски јазик. Докторанд е на истиот факултет. Објавува текстови и учествува на научни собири и конференции во Македонија и вон државата на теми од областа на средновековна и понова црковна историја, агиографија и црковна книжевност. Член е на повеќе значајни архиепископски и епархиски црковни тела и органи.
На 24.12.2023 година, по предлог на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, едногласно е избран од членовите на САС на МПЦ-ОА за викарен архиереј на Преспанско-пелагониската епархија, со титулата епископ Велички.[2]
21.01.2024 година во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола е хиротонисан во епископски чин.[3]