Никола Џеров

бугарски и македонски поет

Никола Џеров (се сретнува и како Никола Ѓеров; 4 септември 1892 во Софија1 ноември 1975 во Софија) — бугарски и македонски и поет, прозаист и публицист.[1]

Никола Џеров
Роден Никола Георгиев Џеров
4 септември 1892
Софија, Отоманско Царство
Починал 1 ноември 1975 (возраст: 83)
Софија,  Бугарија
Занимање поет, прозаист и публицист

Животопис

уреди

Џеров е син на преселници од Охрид што живеат во бегалскиот софиски кварт Јучбунар, па уште мал го усвојува македонскиот како домашен јазик. Ја завршува гимназијата и студиите по словенска филологија на Софискиот универзитет.

Во 1914-1915 година престојува во градот на неговите родители и пишува стихови на македонски јазик. Активно учествува во Академското друштво „Бело Море“ во периодот 1914-1917. Во зачуваниот ракописен „Беломорски дневник“ (потпишан со псевдонимот Џеронимо) е забележана и песната „Откако те видоф“, што подоцна влегува со други три и во стихозбирката со негови стихови (и на македонски) „Охридска пролет. Спомени“ во 1923 година, а две од нив и во збирката со нотирани македонски песни од Ј. Чешмеџиев во 1926 година.

Работи како редактор и член на Редакцијата на органот на Македонскиот младешки зговор, преименуван во Сојуз на македонските младешки културно-просветни организации во Бугарија „Устрем“ во периодот 1923-1926. Потоа е член на Редакцијата на легалниот орган на ВМРО „Македонија“ во периодот 1926-1928, но по убиството на Александар Протогеров, како револт „поради братоубиствата на Македонците што се разгореа во Бугарија“, ја напушта Редакцијата.

Објавува литературни и публицистички прилози во разни списанија и весници во Бугарија (и под псевдонимите Бојко и Македонец), како и преводи со повеќе антологии од француски, руски и германски поети.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џиков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1639. Text "series " ignored (help)