Николај Глушков (руски: Николай Алексеевич Глушков, роден на 24 декември 1949) е руски стопанственик, осуден за корупција и перење пари.

Николај Глушков
Николай Алексеевич Глушков
Роден(а)24 декември 1949
Мајкоп, Советски Сојуз
денеска Русија
НационалностРусин
Занимањестопанственик

Николај Глушков е поранешен заменик-генерален директор на [Аерофлот] и поранешен менаџер за финансии на Автоваз. Во 2000 година Глушков бил уапсен од страна на руските власти за обвинение, измама односно канализирање на пари преку неговиот сметководстен центар во странство. Тој бил близок собработник на Борис Березовски, кој се наоѓал во азил во Велика Британија. Кога од Березовски било побарано да ги продаде своите акции од телевизијата ОРТ, според самиот Березовски, суштината на преговорите била судбината на Николај Глушков кој бил приведен на 7 декември 2000 година и одржувал казна затвор поради проневера при неговото менаџирање со Аерофлот. Според него, Роман Абрамович му понудил спогодба според која доколку тој си ги продаде акциите од ОРТ, Глушков ќе биде пуштен од затвор. Според кажувањата на Абрамович пак, на тој состанок сакал единствено и само да му помогне на неговиот некогашен пријател, на негово барање, да ги продаде акциите. И покрај тоа што акциите биле продадени, Березовски не бил задоволен од договорот бидејќи добил премалку пари и бидејќи Глушков не бил ослободен од затвор.

Глушков бил осуден на три години затвор, по кое ослободен уште во судебната сала, бидејќи претходно веќе имал одлежено три години. По ова, Глушков заминал во Лондон, каде подоцна добил политички азил.