Морско ниво

(Пренасочено од Ниво на морето)

Морско ниво или морско рамниште (најчесто подразбира средно морско ниво) — просечното ниво на површината на дадено море или сите океани: Оваа вредност се зема како појдовна при изразувањето на надморска височина во картографијата and морепловството и воздухопловството. Во последниот случај, ова е стандардна надморска височина на која се мери атмосферскиот притисок за баждарење на висината на која ќе лета воздухопловот.

Бележник за морското ниво кај Мртвото Море во Израел, каде прикажаното место е под нивото.

Во поедноставни ситуации, како стандард се зема средниот водостој помеѓу плимата и осеката на некое место.[1]

Морското ниво го засегаат повеќе чинители и истото се разликувало во различни геолошките периоди. Така, внимателното мерење на морското ниво претставува важен показател за климатските промени и неговото покачување се наведува како доказ за глобално затоплување.[2]

Поимот надморска висина најчесто се однесува на средна/просечна надморска висина (С.Н.В или П.Н.В) и се изразува во метри (М.Н.В)

Средно морско ниво

уреди

Средното морско ниво (СМН) обично се дефинира како просечно релативно морско ниво во некој временски период, како што е месец или година, доволно долг за да може да се изведе просек од непостојаните вредности какви што се брановите.[3]

Пораст на средното морско ниво

уреди

Евстатскиот пораст на морското ниво е промена во глобалното средно морско ниво поради промената на зафатнината на светскиот океан. Релативниот пораст на морското ниво се јавува онаму каде што постои нето-пораст нивото на океанот во однос на месните движења на копното[3]. Творците на климатските модели главно се задржуваат на процената на евстатската промена на морското ниво. Истражувачите на влијанијата главно се осврнуваат на релативната промена на морското ниво.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. What is "Mean Sea Level"? (Proudman Oceanographic Laboratory).
  2. Solomon et al., Technical Summary, Section 3.4 Consistency Among Observations Архивирано на 2 ноември 2018 г. in IPCC AR4 WG1 2007; Hegerl et al., Executive summary, Section 1.3: Consistency of changes in physical and biological systems with warming Архивирано на 14 мај 2017 г. in IPCC AR4 SYR 2007.
  3. 3,0 3,1 „Толковен речник за климатски промени“. Министерство за животна средина и просторно планирање. 27 октомври 2014. Посетено на 27 септември 2023.

Надворешни врски

уреди