Не допирај ме (филм од 2018)
Не допирај ме (англиски: Touch Me Not) - филм од 2018 година, во режија на Адина Пинтили, која е авторка и на сценариото. Главните улоги ги играат: Лаура Бенсон, Томас Лемарквис, Кристијан Баерлајн, Грит Улеман, Адина Пинтили, Хана Хофман итн. Филмот ја освоил наградата „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, каде ја добил и наградата за најдобар дебитантски филм.[1]
Синпопсис
уредиФилмот претставува смеса на реалност и фикција во која режисерката и нејзините глумци ги испитуваат границите на интимноста. Филмот започнува така што Лаура (ја игра Бенсон) изнајмува млад маж за да го гледа додека тој мастурбира. Потоа, во една болница, пациентите учествуваат во психо-терапија во која меѓусебно си ги допираат лицата. Главните ликови во болницата се Кристијан (го игра Баерлајн), момче со деформирано тело и Томас (го игра Лемарквис), момче без коса и без влакна на телото. Тие двајца зборуваат за својата интимност и за своите погледи на животот. Една ноќ, Томас оди во ноќен клуб во кој посетителите имаат садо-мазохистички и други сексуални односи. Исто така, Лаура води разговори со Грит (го игра Улеман), транас-сексуална проститутка (поранешен маж кој сега е жена)...[2]