Не врти се сине (филм)
„Не врти се, сине“ (српскохрватски: Ne okreći se sine) - југословенски филм од 1956 година, во режија на Бранко Бауер. Главните улоги ги толкуваат: Берт Сотлар, Златко Лукман, Радојко Јежиќ и Златко Мадуниќ.
Синопсис
уредиПартизанскиот илегалец, инженерот Невен Новак (го игра Сотлар) бега из возот со кој усташите ги превезуваат затворениците во логорот Јасеновац. По успешното бекство, тој се обидува да го спаси синот Зоран (го игра Лукман), кој се наоѓа во усташкиот детски дом во Загреб каде го индоктринираат со усташка и фашистичка идеологија. Кога Зоран дознава дека татко му е непријател на усташкиот режим, тој ја одбива неговата понуда да побегнат на партизанската територија. Така, Новак се соочува со отпорот на син му и со мрежата која ја плете полицијата околу него.[1]
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |