Вилија
Вилија (белоруски: Вілія, полски: Wilia) или Нерис (литвански: Neris) — река во Белорусија и Литванија, десна притока на Неман. Долга е вкупно 510 км.
Вилија | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Неман |
Должина | 510 км |
Особености на сливот |
Извира во Белорусија и тече низ земјата 276 км[1] и се нарекува Вилија, па продолжува во Литванија 235 км под името Нерис.
Нерис ја поврзува старата престолнина Кернаве со денешниот главен град Вилнус. Долж бреговите се наоѓаат гробници од стариот век. Кај селото Кармазинај, 25 км од Вилнус се расположени погребни могили со камења од митолошко значење и свет даб.
Сливно подрачје
уредиВо Белорусија
уредиОд вкупното сливно подрачје, 10.920 км2 ѝ припаѓаат на Белорусија .[1] Во Белурусија реката се нарекува Вилија. На неа се наоѓа Вилејското Езеро кај градот Вилејка. Ова е најголемото вештачко езеро во земјата и второ по големина, по приридното езеро Нарач.
Десни притоки
уреди- Нарач
- Сервач
Леви притоки
уреди- Илија
- Вуша
- Ошмјанка
Во Литванија
уредиСливното подрачје на реката во Литванија изнесува 13.849 км2, каде таа се нарекува Нерис.[2]
Притоки
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Main Geographic Characteristics of the Republic of Belarus. Main characteristics of the largest rivers of Belarus“. Land of Ancestors. Data of the Ministry of Natural Resources and Environmental Protection of the Republic of Belarus. 2011. Посетено на 27 September 2013.
- ↑ Мали притоки во потсливот на Нерис Архивирано на 28 декември 2014 г. (литвански)
Надворешни врски
уреди- Вилија на Ризницата ?
- Регионален парк „Нерис“ (англиски)