Непокорен — македонски весник, орган на Главниот одбор на НОФ, на македонски јазик кој се издавал во Грција. Го издавал Главниот оддел за агитација и пропаганда на НОФ, а главен уредник бил Павле Раковски. Првин бил умножуван на шапирограф, а потоа во печатницата на НОФ. Меѓу другото, имал и рубрики „Наша поезија„ и „Историја на јазикот и литературата“. Бил користен и во новоотворените училишта на македонски јазик. Извесен период издавал и „Билтен“ за операциите на ДАГ. Весникот се издавал во периодот од 1 мај 1947 до август 1949 година[1].

Непокорен
Главен уредникПавле Раковски
Основан1 мај 1947
Јазикмакедонски
Престаналавгуст 1949

Наводи уреди

  1. Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885 - 1992), Скопје, 1993, 147