Ненад Миросављевиќ

Ненад Миросављевиќ (српска кирилица: Ненад Миросављевић; роден на 4 септември 1977 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој настапувал на позицијата како напаѓач.

Миросављевиќ постигнал над 100 голови во државното првенство на Србија (и нејзините претходнички), претставувајќи пет различни клубови, особено клубот на Смедерево (поранешен Сартид). Ненад настапувал и во странство и тоа за два шпански и два кипарски клуба. Со екипата на АПОЕЛ настапувал во Лигата на шампионите на УЕФА.

Клупска кариера

уреди

Почетните години

уреди

Миросављевиќ својот прв натпревар го имал во екипата на Пролетер од Зрењанин во сезоната 1996–97. Во тимот бил заедно со идните репрезентативци Владимир Ивиќ и Звонимир Вукиќ. Тој постигнал пет гола во 19 лигашки натпревари во неговата прва сезона. Тимот во 1997 година обезбедил место во Купот на УЕФА Интертото. За време на неговиот престој во клубот, Миросављевиќ одиграл вкупно 102 првенствени натпревари и при тоа постигнал 27 гола.

Сартид Смедерево

уреди

Во септември 2000 година, Миросављевиќ преминал во составот на Сартид од Смедерево. Во таа сезона одиграл 25 натпревари во лигата, постигнувајќи 15 гола за новиот клуб. Тој постигнал исто толку голови во лигата и во сезоната 2001-02, помагајќи му на клубот да заврши на третото место во државното првенство. Во септември 2002 година, во првото коло на Купот на УЕФА, Миросављевиќ го постигнал својот прв гол против екипата на Ипсвич Таун. Тоа се случило во првиот натпревар, кој завршил нерешено со резултат од 1:1 на стадионот Портман Роуд.[1] Сепак, екипата на Сартид била елиминирана по поразот од 1:0 на домашен терен.[2] Миросављевиќ, му помогнал на клубот да го освои Купот на Србија и Црна Гора во 2003 година.[3] Тој останал во Смедерево за време на Купот на УЕФА Интертото во 2004 година, постигнувајќи седум гола на четири натпревари. Подоцна за прв пат се преселил во странство. Во својот четиригодишен ангажман со популарните Оклопници, од Смедерево Миросављевиќ одиграл вкупно 118 лигашки натпревари и при тоа постигнал дури 59 голови.

Кадис

уреди

Во август 2004 година, Миросављевиќ се префрлил во шпанскиот клуб Кадис. Тој поминал две сезони во екипата на Кадис, одигрувајќи 37 лигашки натпревари и постигнувајќи осум гола. Во неговата втора сезона, додека клубот играл во првата лига, Миросављевиќ постигнал гол против екипата на Барселона во поразот на неговиот тим од 3:1.[4]

Партизан

уреди

На 1 август 2006 година, било објавено дека Миросављевиќ потпишал тригодишен договор со екипата на Партизан.[5] Тој го добил дресот со број 30. За прв пат настапил за новиот клуб на 19 август 2006 година во победата од 2:0 во домашната лига над екипата на Банат од Зрењанин. Миросављевиќ го постигнал својот прв гол за екипата на Партизан во групната фаза на Купот на УЕФА против екипата на Ливорно. Тоа се случило на 2 ноември 2006 година, кога натпреварот завршил нерешено со резултат од 1:1.[6] Тој го постигнал својот прв лигашки гол за клубот на Партизан на 18 ноември 2006 година во победата од 2:1 на гостински терен над составот на Банат од Зрењанин.

Во јануари 2007 година, Миросављевиќ обезбеди статус како позајмен играч во шпанскиот клуб на Весиндарио.[7] Својот прв натпревар за Весиндарио го имал на 28 јануари 2007 година против неговиот поранешен клуб Кадис. До крајот на сезоната 2006–07, Миросављевиќ одиграл 19 првенствени натпревари и постигнал три гола за составот на Весиндарио. Сепак клубот на крајот на сезоната не успеал да избегне испаѓање во понизок ранг

Враќање во Смедерево

уреди

Подоцна Миросављевиќ имал скромен и краток период во неговиот поранешен клуб Смедерево, постигнувајќи четири гола во 12 лигашки натпревари. Постигнал гол на 26 септември 2007 година во победата од 3:0 во Купот на Србија над екипата на Нови Пазар.

АПОЕЛ

уреди

На 2 јануари 2008 година, Миросављевиќ се преселил на Кипар и потпишал 18-месечен договор со екипата на АПОЕЛ.[8] Својот прв натпревар за клубот го одиграл на 12 јануари 2008 во лигата против екипата на АПОП Кинирас. Неговите први два гола за составот на АПОЕЛ биле постигнати на 30 јануари 2008 година во куп натпревар против составот на Арис од Лимасол.[9] Во декември 2008 година, Миросављевиќ го продолжил договорот до крајот на сезоната 2010-11.[10]

Со неговите три гола, Миросављевиќ му помогнал на составот на АПОЕЛ да се квалификува во Лигата на шампионите на УЕФА 2009–10. Во групната фаза одиграл пет натпревари и постигнал два гола. На 25 ноември 2009 година Миросављевиќ го постигнал воведниот гол во нерешениот натпревар од 1:1 на домашен терен против екипата на Атлетико од Мадрид.[11] Две седмици подоцна, на 8 декември 2009 година, Миросављевиќ влегол од клупата и постигнал израмнувачки гол за составот на АПОЕЛ во нерешениот натпревар од 2:2 со екипата на Челзи на стадионот Стемфорд Бриџ.[12]

Во март 2010 година, Миросављевиќ доживеал повреда на Ахиловата тетива, поради што го пропуштил остатокот од сезоната 2009-10. По неколку месеци закрепнување, тој се вратил на теренот во ноември 2010 година, одигрувајќи 10 натпревари до крајот на сезоната 2010-11, без да постигне гол. Во мај 2011 година, Миросављевиќ го напуштил клубот на АПОЕЛ по три години и половина минати во него. Причината била тоа што екипата на АПОЕЛ не сакала да го продолжи договорот со него.[13] Во едно интервју во 2012 година Миросављевиќ изјавил дека неговото време минато во екипата на АПОЕЛ бил најславниот дел од неговата кариера.

Подоцнежни години

уреди

Во јули 2011 година, откако му истекол договорот со екипата на АПОЕЛ, Миросављевиќ се согласил на едногодишен договор со кипарскиот прволигаш екипата на Олимпијакос од Никозија. Тој го одиграл својот завршен-проштален натпревар за Олимпијакос на 28 јануари 2012 година, со што го напуштил Кипар по четири години за да се врати во родната Србија.

На 1 февруари 2012 година, Миросављевиќ потпишал 18-месечен договор со екипата на Напредак од Крушевац и веднаш бил именуван за капитен на тимот. Тој постигнал гол од пенал на својот прв натпревар за клубот во победата од 3:0 на домашен терен над составот на Раднички од Сомбор Во сезоната 2012-13, Миросављевиќ го предводел клубот на Напредак до промоција во највисоката лига на Србија.

За време на зимскиот преоден рок 2014 година, Миросављевиќ се преселил во составот на Чукарички, бележејќи 12 натпревари во лигата и постигнувајќи пет гола до крајот на сезоната 2013-2014. Тој му помогнал на својот клуб да го освои својот прв голем трофеј со освојување на Купот на Србија 2014-15.[14] По завршувањето на сезоната 2015-16, Миросављевиќ се повлекол од професионалниот фудбал.[15]

Репрезентација

уреди

Миросављевиќ во септември 2002 година настапувал за репрезентацијата од Б тимот на СР Југославија во пријателски натпревар против репрезентацијата на Чешка до 21 година.

Кариерата по професиналниот фудбал

уреди

Веднаш по завршувањето на игрите, Миросављевиќ бил именуван за потпретседател на клубот на Чукарички.[16] Тој во одреден период и тоа во два наврати бил и привремен тренер на првиот тим, во септември 2016 и во мај 2018 година.

Статистика

уреди
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Супер Куп Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Пролетер од Зрењанин 1996–97 19 5 19 5
1997–98 29 3 4 0 33 3
1998–99 19 4 19 4
1999–00 35 15 35 15
Сартид од Смедерево 2000–01 25 15 1 0 26 15
2001–02 30 15 3 3 4 0 37 18
2002–03 33 15 4 3 4 2 41 20
2003–04 29 14 2 2 4 2 35 18
2004–05 1 0 0 0 4 7 5 7
Кадис 2004–05 25 5 2 0 27 5
2005–06 12 3 6 2 18 5
Партизан 2006–07 10 1 0 0 5 1 15 2
Весиндарио (како позајмен играч) 2006–07 19 3 0 0 19 3
Смедерево 2007–08 12 4 2 1 14 5
АПОЕЛ 2007–08 14 2 7 4 0 0 0 0 21 6
2008–09 25 8 4 1 5 2 1 0 35 11
2009–10 23 11 3 5 11 5 1 0 38 21
2010–11 10 0 0 0 0 0 0 0 10 0
Олимпијакос од Никозија 2011–12 18 3 1 0 19 3
Напредак од Крушевац 2011–12 16 11 0 0 16 11
2012–13 30 18 0 0 30 18
2013–14 14 6 2 1 16 7
Чукарички 2013–14 12 5 0 0 12 5
2014–15 25 3 5 2 3 1 33 6
2015–16 24 3 2 2 3 0 29 5
Вкупно во кариерата 509 172 44 26 47 20 2 0 602 218

Признанија

уреди
Сартид од Смедерево
  • Освоен е Купот на Србија и Црна Гора: 2002–03
Кадис
  • Освоена е Сегунда дивизион: 2004–05 (втората шпанска лига)
АПОЕЛ
  • Освоена е Кипарска прва дивизија: 2008–09, 2010–11
  • Освоен е Кипарскиот национален куп: 2007–08
  • Освоен е Кипарски Суперкуп: 2008, 2009 година
Напредак Крушевац
  • Освоена е Српската прва лига: 2012–13
Чукарички
  • Освоен е Купот на Србија: 2014–15

Наводи

уреди
  1. „Sartid draw first blood“. uefa.com. 19 September 2002. Посетено на 20 January 2012.[мртва врска]
  2. „Sartid pay the penalty“. uefa.com. 3 October 2002. Посетено на 20 January 2012.[мртва врска]
  3. „Sartid pobednik Kupa!“ (српски). srbija.gov.rs. 29 May 2003. Посетено на 20 February 2016.
  4. „La Liga: Barcelona set club record with Cadiz win“. espnfc.com. 17 December 2005. Посетено на 20 February 2016.
  5. „Mirosavljević potpisao za Partizan!“ (српски). partizan.rs. 1 August 2006. Архивирано од изворникот на 2020-08-28. Посетено на 1 April 2010.
  6. „Kup UEFA: Partizan ispustio pobedu“ (српски). b92.net. 3 November 2006. Посетено на 16 May 2011.
  7. „Bilans zimskog prelaznog roka“ (српски). partizan.rs. 7 February 2007. Архивирано од изворникот на 2019-12-14. Посетено на 20 February 2016.
  8. „Συμφωνία συνεργασίας με Broerse και Mirosavljevic“ (грчки). apoelfc.com.cy. 2 January 2008. Посетено на 16 May 2011.
  9. „Ανάλυση αγώνα ΑΠΟΕΛ - Άρης (3-1)“ (грчки). apoelfc.com.cy. 31 January 2008. Посетено на 1 February 2008.
  10. „ΑΝΑΚΟΙΝΩΣΗ“ (грчки). apoelfc.com.cy. 23 December 2008. Посетено на 16 May 2011.
  11. „APOEL denied by Simão strike“. uefa.com. 25 November 2009. Архивирано од изворникот на 2018-08-11. Посетено на 20 January 2012.
  12. „APOEL consoled by well-made point“. uefa.com. 9 December 2009. Архивирано од изворникот на 2018-08-10. Посетено на 16 May 2011.
  13. „Ανακοίνωση“ (грчки). apoelfc.com.cy. 13 May 2011. Посетено на 16 May 2011.
  14. „Čukarički make history with Serbian Cup success“. uefa.com. 20 May 2015. Посетено на 14 July 2015.
  15. „37. KOLO SUPERLIGE FK ČUKARIČKI - FK RADNIK 2:1“ (српски). fkcukaricki.rs. 21 May 2016. Архивирано од изворникот на 2022-03-11. Посетено на 22 May 2016.
  16. „Cipele i farmerke zbunjuju Mirosavljevića“ (српски). mondo.rs. 7 June 2016. Архивирано од изворникот на 2018-08-11. Посетено на 10 August 2018.

Надворешни врски

уреди