Ненад Марковиќ ( Добој, 6 јуни 1968 година ) е поранешен босански кошаркар а сегашен кошаркашки тренер

Ненад Марковиќ
Позицијабек
Висинам
Тежинакг
Роден6 јуни 1968(1968-06-06)(56 г.)
ДобојСФРЈ
Проф. кариера1988–2006
Клубови
Босна
Трст
Лириа
Хапоел Тел Авив
Хувентуд
Лугано тајгерс
Хапоел Тел Авив
Хапоел Еилат
Лимож
Валенсија
Естудијантес
Паниониос
Олимпијакос
Мурсија
Паниониос
Босна
Репрезентација

Кариера

уреди

Играчка

уреди

Својата кариера ја започнал во КК Иман Илиџа, по што го забележале скаутите од КК Босна, која тогаш ја тренирал Младен „Максо“ Остојиќ.[1] Ненад играл во помладите категории на КК Босна неколку години за да во сезоната 1989/90 премине во првиот тим и станал стартер. На крајот на таа сезона неговиот квалитет бил награден со покана за репрезентацијата на Југославија која ја водел познатиот стручњак Душан Ивковиќ . Меѓутоа, Ненад не отишол со репрезентацијата на Светското првенство во 1990 година во Аргентина, које Југославија го освоила.

Марковиќ продолжи да напредува, играјќи редовно за КК Босна во следните две сезони, сè до војната во Босна и Херцеговина. Следните 14 сезони, Марковиќ играл низ цела Европа, вклучувајќи ги Италија, Шпанија, Франција, Израел и Грција. Додека во Франција играл за Лимож, ја имал честа да настапи на францускиот Ол-стар натпревар, каде што победил во натпревар во шутови за три бода.

Исто така играл многу важни натпревари за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги двата натпревара против Хрватска во ноември 1997 година и ноември 1998 година, кои го промовирале во еден од најдобрите спортисти на Босна и Херцеговина на сите времиња. Марковиќ во 2004 година се вратил во својот матичен клуб Босна за да ја заврши играчката кариера, што се случила во 2006 година, по полни 18 години активнао занимавање со кошарка.

Тренерска

уреди

По неговото повлекување, Ненад станал селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, и тренер на КК Босна, од каде се повлекол откако не ја исполнил зададената цел, а тоа било освојување на титулата државен првак. Во октомври 2007 година, Марковиќ станал тренер на грчкиот Паниониос, кој го одвел до квалификација за Евролигата, што било најголем успех на клубот во 12 сезони. Сепак, добил отказ, и го заменил Александар Трифуновиќ . Подоцна, повторно го водешел Паниониос, а во Грција бил тренер и на КАОД . Од 2014 до 2016 година го водеше Трабзонспор а во сезоната 2016/17 бил тренер на Каршијака .[2]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди