Ненад Ѓорѓевиќ
Ненад Ѓорѓевиќ (роден на 7 август 1979 година) е поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата дефанзивец или одбранбен играч. На меѓународно ниво, Ѓорѓевиќ ја претставувал репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство во фудбал во Геманија во 2006 година.
Клупска кариера
уредиЃорѓевиќ својот прв натпревар го имал за екипата на Јединство од Параќин, пред да му се приклучи на тимот на Обилиќ во сезоната 1999–2000 година. Поминал четири сезони во тимот на популарните Витези, со вкупно 97 лигашки настапи. Во јули 2003 година, Ѓорѓевиќ се префрлил во екипата на Партизан, склучувајќи четиригодишен договор.[1] Тој веднаш се наметнал како редовен играч во првиот тим под раководство на тренерот Лотар Матеус, помагајќи му на тимот на Партизан да стигне до групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА 2003-04. Во следната сезона 2004–05, Ѓорѓевиќ ја освоил својата прва титула во државното првенство. Ѓорѓевиќ му помогнал на својот тим да стигне до осминафиналето на Купот на УЕФА. Тој одиграл вкупно 85 лигашки нтпревари, пред да го напушти клубот во зимскиот преоден рок во 2007 година.
Во февруари 2007 година, Ѓорѓевиќ потпишал за јапонскиот клуб ЏЕФ Јунајтед Чиба, склучувајќи двегодишен договор.[2] Во сезоната 2007 година одиграл 13 натпревари во лигата и постигнал три гола.
По само една година во странство, Ѓорѓевиќ се вратил во клубот на Партизан, склучувајќи договор за период од две години и половина. Договорот го потпишал на 29 јануари 2008 година.[3] По неговото враќање, тој играл во добра форма, особено во првите шест месеци, кога неговите голови директно го решавале победникот во неколку натпревари. Бил еден од најзаслужните за титулата на Партизан во сезоната 2007-08, прва за клубот по три цели години. Во летото 2008 година, по заминувањето на Стеван Јоветиќ во екипата на Фиорентина, Ѓорѓевиќ станал капитен на тимот на Партизан.
На 8 април 2010 година, Ѓорѓевиќ потпишал двегодишен договор со рускиот клуб Крилија Советов.[4] Тој постигнал гол на својот прв натпревар против екипата на Сатурн Раменское, со кој неговиот тим победил со резултат од 2:1.[5] На 22 февруари 2012 година, неговиот договор бил раскинат со заедничка согласност.[6]
На 27 февруари 2012 година, Ѓорѓевиќ потпишал четиригодишен договор за шведскиот клуб Калмар ФФ.[7] Подоцна пред сезоната 2016 потпишал договор и со клубот на ИФК Берга.
Репрезентација
уредиЃорѓевиќ одиграл 17 натпревари за репрезентацијата на Србија и Црна Гора и постигнал еден гол. Тој исто така бил член на тимот за Светското првенство во фудбал во Германија во 2006 година.
Тренерска кариера
уредиНа 18 ноември 2015 година Ѓорѓевиќ објавил дека од сезоната 2016 ќе функционира како помошник тренер во екипата на ИФК Берга.[8] Тој најавил повлекување од играњето на крајот од сезоната. Во 2017 година, Ѓорѓевиќ бил ангажиран како тренер на млади во локалниот клуб на Калмар Содра ИФ.[9][10]
На 18 ноември 2017 година, Ѓорѓевиќ се вратил во својот поранешен клуб Калмар ФФ како тренер за млади фудбалери.[11] Тој работел како тренер на У16, У17 и У19 категориите во клубот, пред да замине на крајот на 2020 година.[12]
На 6 септември 2021 година, Ѓорѓевиќ бил ангажиран како помошник тренер од страна на екипата на Хамарби ИФ во Алсвенскан лигата, под водство на главниот тренер Милош Милојевиќ.[13] Ја напуштил функцијата во клубот на крајот на годината.[14]
Статистика во кариерата
уредиКлупска статистика
уредиКлуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Вкупно | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Обилиќ | 1999–00 | 14 | 0 | — | 14 | 0 | |||
2000–01 | 23 | 0 | 3 | 0 | 2 | 0 | 28 | 0 | |
2001–02 | 27 | 0 | 2 | 0 | 4 | 0 | 33 | 0 | |
2002–03 | 33 | 3 | 3 | 2 | 2 | 0 | 38 | 5 | |
Вкупно | 97 | 3 | 8 | 2 | 8 | 0 | 113 | 5 | |
Партизан | 2003–04 | 25 | 2 | 3 | 1 | 9 | 0 | 37 | 3 |
2004–05 | 27 | 2 | 3 | 0 | 12 | 0 | 42 | 2 | |
2005–06 | 20 | 1 | 2 | 0 | 4 | 0 | 26 | 1 | |
2006–07 | 13 | 2 | 0 | 0 | 8 | 0 | 21 | 2 | |
Вкупно | 85 | 7 | 8 | 1 | 33 | 0 | 126 | 8 | |
ЈЕФ Јунајтед Чиба | 2007 | 13 | 3 | — | 13 | 3 | |||
Партизан | 2007–08 | 14 | 6 | 3 | 0 | 0 | 0 | 17 | 6 |
2008–09 | 22 | 1 | 4 | 1 | 8 | 0 | 34 | 2 | |
2009–10 | 14 | 0 | 2 | 0 | 11 | 2 | 27 | 2 | |
Вкупно | 50 | 7 | 9 | 1 | 19 | 2 | 78 | 10 | |
Крилија Советов | 2010 | 24 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 24 | 3 |
2011–12 | 29 | 2 | 1 | 0 | — | 30 | 2 | ||
Вкупно | 53 | 5 | 1 | 0 | 0 | 0 | 54 | 5 | |
Калмар ФФ | 2012 | 17 | 0 | 1 | 0 | 6 | 1 | 24 | 1 |
2013 | 7 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 8 | 1 | |
2014 | 16 | 1 | 1 | 0 | — | 17 | 1 | ||
2015 | 8 | 0 | 0 | 0 | — | 8 | 0 | ||
Вкупно | 48 | 2 | 3 | 0 | 6 | 1 | 57 | 3 | |
ИФК Берга | 2016 | 14 | 3 | — | 14 | 3 | |||
Вкупно во кариерата | 360 | 30 | 29 | 4 | 66 | 3 | 455 | 37 |
Меѓународна статистика
уредиРепрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
СР Југославија | 2002 година | 2 | 0 |
2003 година | 1 | 0 | |
Србија и Црна Гора | 2003 година | 5 | 0 |
2004 година | 3 | 0 | |
2005 година | 3 | 1 | |
2006 година | 3 | 0 | |
Вкупно | 17 | 1 |
Признанија
уредиКлупски признанија
уредиПартизан
- Освоена е Српската Суперлига: 2004–05, 2007–08, 2008–09
- Освоен е Купот на Србија: 2007–08, 2008–09
Индивидуална статистика
уреди- Член на Тимот на сезоната во Српската Суперлига: 2008–09
Наводи
уреди- ↑ „POTPISAO DJORDJEVIĆ!“ (српски). partizan.rs. 2 July 2003. Посетено на 12 August 2016.[мртва врска]
- ↑ „Nenad Đorđević u Džef junajtedu“ (српски). b92.net. 1 February 2007. Посетено на 6 May 2011.
- ↑ „I Đorđević potpisao!“ (српски). partizan.rs. 29 January 2008. Посетено на 6 May 2011.[мртва врска]
- ↑ "Крылья" заявили защитника Ненада Джорджевича (руски). kc-camapa.ru. 8 April 2010. Посетено на 10 April 2010.
- ↑ Гол дебютанта Джорджевича принес "Крыльям" первую победу (руски). kc-camapa.ru. 10 April 2010. Посетено на 10 April 2010.
- ↑ Ненад Джорджевич покинул "Крылья" (руски). kc-camapa.ru. 22 February 2012. Посетено на 28 February 2012.
- ↑ „Nenad Djordjevic klar för Kalmar FF“ (шведски). kalmarff.se. 27 February 2012. Архивирано од изворникот на 6 March 2012. Посетено на 28 February 2012.
- ↑ Djordjevic om sin nya roll: ”Ödmjuk inför uppgiften” Архивирано на 30 април 2019 г., 24nybro.se, 18 November 2015
- ↑ Kalmar Södra storsatsar på sina ungdomar Архивирано на 30 април 2019 г., 24kalmar.se, 4 December 2016
- ↑ Djordjevic kliver in i Kalmar Södra, berometern.se, 12 May 2017
- ↑ „Nenad Djordjevic klar för Kalmar FF!“ (шведски). Kalmar FF. 18 November 2017. Посетено на 6 September 2021.
- ↑ „Festim Pasho blir ny U19-tränare“ (шведски). Kalmar FF. 11 September 2020. Посетено на 6 September 2021.
- ↑ „Nenad Djordjevic ny i Hammarbys tränarteam“ (шведски). Hammarby Fotboll. 6 September 2021. Архивирано од изворникот на 2022-01-23. Посетено на 6 September 2021.
- ↑ „Hammarby: "Milojevic reste till Trondheim utan vårt godkännande"“ (шведски). Hammarby Fotboll. 13 December 2021. Посетено на 28 December 2021.
Надворешни врски
уреди- Nenad Djordjević – Профил на сајтот на УЕФА