Нервно влакно
Нервните влакна или аксони (латински:neurit-и) се долгите продолжетоци на невроните.Тие ја сочинуваат белата маса од нервното ткиво и учествуваат во спроведување на нервните импулси на големо растојание.Некои аксони можат да достигнат и до 1м.Содржат јони на натриум и калиум,за трансмисија на електро-хемиски сигнал.Аксоните на површината имаат Шванова обвивка која наизменично се стеснува и формира т.н. Ранвиерови стеснувања.Оние аксони кај коишто Швановата обвивка произведува липидна материја миелин се бели по боја и се нарекуваат миелински, додека оние кај коишто таа не произведува миелин се сиви по боја и се нарекуваат амиелински.