Небески суштества (филм)

Небески суштества (англиски: Heavenly Creatures) е новозеландско-германски филм од 1994 година, во режија на Питер Џексон. Главните улоги ги играат: Кејт Винслет, Мелани Лински и Сара Пирс. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“, во категоријата за најдобро сценарио, а во 1994 година, на филмскиот фестивал во Венеција, режисерот Питер Џексон го освоил „Сребрениот лав“.

Содржина

уреди

Филмот е заснован врз вистинита приказна, која се одиграла во 1953 година во малото, тивко место Кристчурч во Нов Зеланд. Две девојки, Џулиет Халм (ја игра Винслет) и Полин Паркер (ја игра Лински) се најдобри другарки, кои уживаат во литературата, препуштајќи им се на фантазиите. Кога мајката на Полин (ја игра Пирс) ќе се обиде да го прекине нивното пријателство, Полин, со помош на својата другарка ја убива мајка си. Подоцна, двете девојки ќе бидат осудени за ова злосторство.[1] [2]

Наводи

уреди
  1. „Небески суштества“, Антена, број 873, 20.3.2015, стр, 25.
  2. „Небески суштества“, Антена, број 886, 19.6.2015, стр. 20.