На сет глас
„На сет глас“ - збирка поезија од рускиот поет Владимир Мајаковски (во избор на Слободан Мицковиќ), објавена од издавачката куќа „Македонска книга“ во 1970 година, а во препев на Слободан Мицковиќ.
Технички податоци
уредиКнигата е објавена во 1970 година од страна на издавачката куќа „Македонска книга“, како дел од библиотеката „Атлас“. Збирката има 87 страници и не е каталогизирана, ниту ја поседува меѓународната ознака ISBN. Книгата била отпечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје, во тираж од 1.000 примероци. Нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректор била Драга Стефанова.[1]
Содржина
уредиЗбирката содржи осум песни и поеми:[1]
- Облак во панталони
- Флејта - ’рбет
- Јас љубам
- Убаво постапување со коњите
- Прашањето на пролетта
- Разговор со финансинспекторот за поезијата
- На Сергеј Есенин
- На сет глас
На крајот на книгата се наоѓаат забелешки, како и поговор со наслов „Мајаковски и револуцијата“ напишан од Слободан Мицковиќ.