Најдобрите приказни за духовите (книга)

Најдобрите приказни за духовите: Божикна песна и други (англиски: Best ghost stories: Selected stories) е книга од англискиот писател Чарлс Дикенс. Книгата е објавена на македонски јазик од страна на издавачкото претпријатиеКродо“ од Скопје во 2013 година, во превод на Анета Пауновска.

Технички податоци

уреди

Книгата има 270 страници и е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ и го поседува меѓународниот број ISBN број 978-608-65193-4-6. Лектурата на текстот е дело на Катерина Митиќ. Објавувањето на книгата било поддржано од Министерството за култура на Македонија, а таа е испечатена во „Алфа принт“ од Скопје, каде што е извршена и техничката подготовка.[1]

Содржина

уреди

Книгата „Најдобрите приказни за духовите: Божикна песна и други“ содржи шест раскази, и тоа:[2]

  • Божикна песна (Прв дел: Духот на Марли; Втор дел: првиот од тројцата Духови; Трет дел: Вториот од тројцата Духови; Четврти дел: Последниот од Духовите; Петти дел: Крајот на приказната)
  • Баронот од Грогцвиг
  • Чудниот стол (Приказната на ветошарот)
  • Гоблините што го украдоа клисарот
  • За читање во квечерина
  • Духот во Одајата на Невестата


Исто така, на крајот од книгата е даден кус приказ на животот и делото на Дикенс под наслов „За писателот и неговите приказни“ од Анета Пауновска.

Наводи

уреди
  1. Чарлс Дикенс, Најдобрите приказни за духовите: Божикна песна и други, Скопје: Кродо, 2013.
  2. Чарлс Дикенс, Најдобрите приказни за духовите: Божикна песна и други, Скопје: Кродо, 2013.