Гоблин

суштество од народните верувања
(Пренасочено од Гоблини)

Гоблин е антропоморфно суштество од легендите, со низок раст, налик на гном или џуџе,кое потекнува од средноевропскиот фолклор.Најчесто се прикажува како алчно суштество, љубител на пари.

Гоблин
ВидБајки
ЗемјаСкандинавија, Германија, Велика Британија, Ирска, САД, Јужна Кореја
Живеалиштепештера, шума

Етимологија

уреди

Зборот гоблин (на фр. gobelin) се среќава уште во 1195, кратко и изолирано споменат, потоа на латински јазик во средновековието во формата gobelinus, кај Ордерик Витал, назив на еден демон што талкал во околината на регионот Евре во Франција, потоа во форма на зборот gobellin на почетокот на 16 век. Терминот се среќава и во христијанскиот латински како gobalus « домашен дух », веројатно позајмица од грчкото κοβαλος « зол дух »[1]. На германски називот за гоблин е коболд.

Потекло

уреди

Гоблините се легендарни суштества, кои потекнуваат од европскиот фолклор и од германска митологија, потоа поврзани со другите традиции и легенди на зли духови кои имаат свој корен во разните култури (латинската, грчката, келтската итн.). Гоблинот честопати се поврзува со коболдот од германскиот фолклор и со ходгоблинот од англосаксонскиот фолклор. Има бројни описи на гоблините. Албер Допањ вели дека тие се некој вид Баба Рога (што се вика бублин) која живее во пештерите. Оваа врска со земјата исто така ја истакнува и Карл Грун [2]. Според Пјер Дибоа, гоблините се високи од 40-60 сантиметри и се грди. Главата им наликува на јајце и имаат големи и шилести уши. Воедно имаат зајачки заби. Во расказите каде што ги среќаваме, тие можат да бидат добри или лоши: Дом Лукае во нив јасно гледа демонски суштества, додека Росети и Шефел ги споредуваат со самовилите и со анѓелите. Тие се блиски и со оние мали суштества кои се поврзуваат со модерната технологија (со гремлините и коболдите).

 
Коболд

Во книжевноста и во стриповите

уреди

Во Хобитот Билбо, Џ. Р. Р. Толкин го употребил зборот « гоблин » за да опише зли суштества кои живеат под Магловити планини ; во Господарот на прстените , тој ги преименувал во орки со цел да се разликуваат од легендарните суштества. Потоа, овие толкинови суштества беа употребени во видео игри, особено во Замоци и змејови сепак да забележиме дека во Замоци и Змејови, гоблините се разликуваат од орките и од коболдите. Гоблините инспирирале и некои други замислени фантастични суштества. Гоблините се среќаваат во Хари Потер. Еден од главните непријатели на Спајдермен се нарекува Зелениот Гоблин и сл.

Книгата со песни за деца на Џон Прелуцки, Ноќ на вештерките е... (It's Halloween) содржи поема насловена "Гоблинот", во која малото момче го опишува гоблинот на следниов начин: "A goblin as green as a goblin can be, Who is sitting outside and is waiting for me" (Гоблин зелен како што гоблин може да биде, Кој седи на страна и ме чека мене).

Во Господарот на прстените на Толкин, орките и гоблините се сосем различни видови суштества - орките се џуџиња кои поради Злото во нив се претвориле во зли суштества. Во Хобитот Билбо, варгите се сојузници на гоблините. Постојат и гоблини кои се повисоки и чија кожа е целосно бела. Тие не живеат во Средната земја туку северно, близу до планината Гундабад. Варгите од Гундабад се исто така бели. Во филмската трилогија Господарот на прстените на Питер Џексон, специфичен е гоблинот кој живее во пештерата и лудо го сака прстенот. Овој отпрвин бил хобит но поради алчност, се претворил во гоблин.

Во играта Замоци и змјови, гоблините се мали хуманоидни суштества, високи 1,20 м. Имаат кожа чија боја оди од жолта до зелена останувајќи секојпат мрачна и замаглена. Очите одат од црвено до портокалово. Живеат најмногу до 50 години. Живеат во подземни пештери, гледаат во темно но не ја мразат дневната светлина. Впрочем некои живеат и во низините каде патролираат за да бидат сигурни дека ниеден натрапник нема да им влезе во пештерите. Организирани се племенски, ги мразат џуџињата и гномите. Ги припитомуваат ворговите (џиновски волци) кои им помагаат во војна.

Гоблините во дела, приказни или легенди од светскиот фолклор

уреди

Во Јужна Кореја, гоблините се познати како Докаеби (도깨비). Тие се посебно важни митолошки суштества во корејскиот фолклор. Обично се појавуваат во книгите за деца.

Литература

уреди

Наводи

уреди
  1. Site du CNRTL : étymologie de "gobelin"
  2. Karl Grün, Les esprits élémentaires, 1896
  3. „Apples4theTeacher - short stories“. Архивирано од изворникот на 2017-08-27. Посетено на 2013-10-13.
  4. „Rick Walton - folktale“. Архивирано од изворникот на 2007-08-25. Посетено на 2013-10-13.
  5. Dutch Fairy Tales for Young Folks, 1918, compiled by William Elliot Griffis
  6. Sacred texts
  7. Sacred texts