Национален парк Устие на Варта

Национален парк „Устие на Варта“ (на полски: Park Narodowy „Ujście Warty“) — национален парк на устието на реката Варта во реката Одра во крајниот западен дел на Полска. Основан е на 19 јуни 2001 година, во областа на долнот течение на реката Варта, до нејзиното влевање во Одра, каде што се наоѓа и самата полско-германска граница. Националниот парк зафаќа површина од 80,38 квадратни километри во рамките на Лубушкото војводство. Земиштето во овој предел е мочурливо и калливо, што го прави засолниште за птиците. Областа на паркот е една од најважните региони на птичји станишта во Полска, при што има 245 видови птици од кои 160 се гнездат во станишта во овој предел, меѓу кои и 7-8 видови на патки.

Национален парк Устие на Варта
МСЗП — Категорија II (национален парк)
МестоПолска
Најблизок градКостшин на Одра, Лубушко Војводство
Воспоставен(а)2001