Национален парк Серенгети

Серенгетинационален парк кој се наоѓа во истоимената област во Танзанија, Источна Африка. На јазикот на Масаите, Серенгети значи „бескрајна рамница“. Регионот на Серенгети го вклучува Националниот парк Нгоронгоро, Масва, Лолиондо, Грумети и Икоронго контролиранара земја, како и Масаи Мара, националниот парк во Кенија[2][3]. Преку 90,000 туристи годишно го посетуваат паркот.

Национален парк
„Серенгети“
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Местоположба на Национален парк „Серенгети“
Местоположба на Национален парк „Серенгети“
МестоТанзанија
Површина14,750 square kilometres (5,700 ми)
Воспоставен(а)1951
Посетители350,000 per year[1]
Управно телоTanzania National Parks Authority
Тип:Natural
Критериуми:vii, x
Прогласено:1981 (5th session)
Број156
State Party:Танзанија
Region:Африка

Серенгети бил основан во 1940 година. Зафаќа површина од 14.763 км2[4]. Во 1959 година од Серенгети бил одвоен резерватот Нгоронгоро. Еко-системот на Серенгети е еден од најстарите на планетата. Посебните одлики на климата, растителноста и животинскиот свет многу малку се промениле во последните милиони години.

Миграцијата е таа по која Серенгети е можеби најпозната. Повеќе од 1,5 милиони гну и 250,000 зебри мигрираат секоја година, односно се движат јужно од северните брда во јужните полиња за време на краткотрајните дождови секој октомври и ноември, и потоа вртат кон запад и север после долгите дождови во април, мај и јуни.

Во овој национален парк живеат лавови, леопарди, слонови, носорози, биволи, хиени, гепарди, зебри, грабливи птици итн.

Серенгети е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Наводи

уреди
  1. „Dar registers "three wonders". Daily News (Tanzania). 20 August 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-22. Посетено на 28 January 2013.
  2. The official Map of Tanzania with New Regions and Districts, Ministry of Lands, Housing and Human Settlements Development, 21 September 2012[мртва врска]
  3. Mapcarta map of Tanzania
  4. „Tanzania in figures 2012, National Bureau of Statistics, Ministry of Finance, June 2013, page 12“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-11-26. Посетено на 2016-05-26.

Надворешни врски

уреди