Национален парк Агтелек

Националниот парк Агтелек (унгарски: Aggteleki Nemzeti Park) е национален парк во Северна Унгарија, во регионот Агтелек Карст. Најзначајни вредности на националниот парк се посебните површински формации и пештери во овој варовнички пејзаж.[1]

Национален парк Агтелек
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Сталагмити во пешетрата Барадла
МестоУнгарија
Координати48°28′32.628″N 20°29′12.732″E / 48.47573000° СГШ; 20.48687000° ИГД / 48.47573000; 20.48687000
Површина198.92 km2 (76.80 ми)
Воспоставен(а)1985
Тип:Natural
Критериуми:viii
Прогласено:1995
Број725
Држави: Унгарија,  Словачка
Регион:Источна Европа

Опис

уреди

Паркот се состои од 280 пештери со различни големини.[1] Опфаќа вкупна површина од 198,92   км2 од кои 39.22   км² се под големена заштита. Најголемата сталактитска пештера во Европа се наоѓа во оваа област: пештерата Барадла (26 километри долга, од кои 8км е во Словачка, позната под името Домица ). Неколку пештери имаат други специјалности. На пример, Мировната пештера има санаториум кој помага во лекувањето на луѓето кои страдаат од астма.

Историја

уреди

Првата пишана документација за пештерите датира од 1549 година. Од 1920 година се користи како туристичка атракција. Самиот Национален парк Агттелек е основан во 1985 година.Паркот е дел од светското наследство на УНЕСКО од 1995 година, заедно со словачките карстни пештери.[1]

Фауна

уреди

Животните присутни во националниот парк Агтелек се: Јастреб глувчар, источен царски орел, воден кос, црвен елен, Евроазиски рис, сив волк, дива свиња, цуцулеста сипка, жолтоглаво кралче, зимовка, лештарка, рибарче, сиво свраче, едрилец и други.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Experience? Naturally! (1. изд.). Budapest: Ministry of Rural Development. May 2014. стр. 14.