Награда „Матија Бан”
Наградата „Матија Бан“ се доделува за постигнати резултати во работата и унапредувањето на стопанството, науката, културата, спортот, образованието и воспитанието, здравството, социјалната и детската заштита во областа на уметноста, како и за зачувување и заштита на животна средина на општина Чукарица. Наградата за првпат била востановена во 1998 година.
За наградата
уредиНаградата на градската општина Чукарица „Матија Бан“ се состои од повелба, плакета и парична награда, односно уметнички слики, пригодни статуи, книги и др. Наградата јаврачува претседателот на градската општина Чукарица.
Наградата се доделува во чест на Матија Бан, професорот на Лицеја, политичар и дипломат, кој живеел во делот на Белград кој сега по него го носи името Баново брдо.[1]
Матија Бан дошол во Белград во 1844 година, каде станал воспитувач на децата на кнезот Александар Караѓорѓевиќ. Ги водел работите на националната пропаганда, бил член на Српската кралска академија, а во исто време еден од најплодните српски писатели. Тој е основач на политичката програма за национално обединување и ослободување на Јужните Словени.[1] Во 1847 година го покренал и првото женско списание - Воспитател женскии, кое било наменето за „убавиот пол на јужнословенските народи“.[2]
Делот од Белград кој денес се вика Баново Брдо според австриските географски карти од почетокот на 19 век се нарекувало Репишко Брдо, подоцна Ордија (тур. место каде се собира војската) и Голо Брдо. Во 1861 година, Матија Бан поднел молба до белградската општина да му се продаде земјиштето на „ридот далеку надвор од Белград“ за да таму изгради убав и пристоен летниковец во српски стил. Советниците одлучиле да му гопоклонат бараното земјиште, сметајќи дека овој голем патриот го заслужил. По него целиот крај го добил името Бановац, а по неговата смрт во 1903 година - Баново брдо.[3]
Добитници на наградата
уреди1995 година
- Драган Колунџија, од област на културата
- Бранислав Бојиќ, од област на уметноста
- Младен Ѓуровиќ, од област на уметноста
1997 година
- д-р Владимир Грбиќ, од област на науката
- д-р Бранислав Јовановиќ, од област на науката
- Ратко Вулановиќ, од област на уметноста
1998 година
- Сава Стекиќ, од област на културата
- Градимир Стојковиќ, од област на културата
1999 година
- Бојан Димитријевиќ, од област на науката
- Галерија '73, од област на културата
- Камерен оркестар „ Pro classica “, од област на уметноста
2000 година
- Драгомир - Драган Милеусниќ, од област на уметноста
- Слободан Д. Петковиќ, во област на културата
- Национална библиотека „Лаза Костиќ“ од област на културата
2001 година
- Мирослав Дерета, од област на културата
- Јован Радуловиќ, во област на уметноста и културата
- Радио 988, од област на културата
2002 година
- д-р Милан Новаковиќ, од област на науката и културата
- Првослав Митиќ, во област на културата и уметноста
- Томислав Грујичиќ, за достигнувања во област на културата и уметноста
2003 година
- Мирослав Бјелиќ - Бјанки, од област на уметноста
- Ансамбл „Има дана“, од област на уметноста
2004 година
- Миќа Стојановиќ, од област на економијата, воспитанието и образованието
- Духомир Цветковиќ, од област на културата и образованието
2005 година
- Драгољуб Шарковиќ, од област на образованието
- Дом за деца со ментална попреченост, од област на здравствената, социјалната и детската заштита
2006 година
- Бора Дугиќ, од област на културата и уметноста
2007 година
- Светислав Басара, од област на културата и уметноста
- д-р Божидар Станишиќ, од област на здравствената, социјалната и детската заштита
2008 година
- Нада Кнежевиќ од област на културата и уметноста
2009 година
- Милка Стојановиќ и Живан Сарамандиќ, од област на културата и уметноста
- Предучилишна установа „Чукарица“, од област на здравствената, социјалната и детската заштита
2010 година
- Срѓан Гојковиќ Гиле, од област на музичката уметност
2011 година
- Предраг Цуне Гојковиќ, од област на уметноста
- Ѓорѓе Кадијевиќ од област на уметноста
- Миодраг Ѓелмаш, од област на спортот
2012 година
- Лола Новаковиќ, од област на музичката уметност
2013 година
- д-р Злата Бојовиќ, од област на културата и образованието[1]
2014 година
- Ѕвездан Брадиќ
- Милован Вржина
- Веселин Џелетовиќ[4]
2015 година
- Културно уметничко друштво „Димитрије Туцовиќ“, од област на културата и уметноста [5]
2016 година
- Неџа Стојановиќ
- Горан Зец[6]
2017 година
- Небојша Радовановиќ[7]
2020 година[8]
- Љубомир Сарамандиќ
- Бранимир Ѓокиќ
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Награда "Матија Бан"“. Званична презентација. Градска општина Чукарица. Архивирано од изворникот на 8 октомври 2018. Посетено на 9 октомври 2018.
- ↑ Božinović 1996
- ↑ Пауновић 1968
- ↑ „Одлука о додели награде општине Чукарица "Матија Бан" за 2014. годину“ (PDF). Службени лист града Београда. LVIII/85: 32–33. 21 ноември 2014. Посетено на 9 октомври 2018.
- ↑ „Одлука о додели награде општине Чукарица "Матија Бан" за 2015. годину“ (PDF). Службени лист града Београда. LIX/75: 32–33. 10 декември 2015. Посетено на 9 октомври 2018.
- ↑ „Одлука о додели награде општине Чукарица "Матија Бан" за 2016. годину“ (PDF). Службени лист града Београда. LX/110: 27. 28 ноември 2016. Посетено на 9 октомври 2018.
- ↑ „Одлука о додели награде општине Чукарица "Матија Бан" за 2017. годину“ (PDF). Службени лист града Београда. LXI/86: 23. 22 ноември 2017. Посетено на 9 октомври 2018.
- ↑ МАТИЈУ БАНА ДОБИЛИ ЂОКИЋ И САРАМАНДИЋ: Одржана је свечана седница Скупштине градске општине Чукарица („Вечерње новости”, 25. децембар 2020)
Литература
уреди- Božinović, Neda (1996). Žensko pitanje u Srbiji : u XIX i XX veku (PDF). Beograd: "Devedesetčetvrta". ISBN 978-86-82449-09-6.CS1-одржување: ref=harv (link) Посетено на 14. 10. 2016.
- Пауновић, Маринко (1968). Београд : вечити град. Београд: Народни универзитет "Светозар Марковић".CS1-одржување: ref=harv (link)