Нагиб Махфуз (10 декември 1911, Каиро, Египет) — египетски филозоф, белетрист и драмски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1988 година за творештвото што и придава на арапската белетристика општочовечка вредност.[1]

Нагиб Махфуз

Животопис

уреди

Филозофија завршил на Каирскиот универзитет (1934). Објавувал раскази во списанието „Ал Маџал Ал Џедида“. Во првите дела исполнети со патриотски виор, предизвикан од далечното фараонско минато, реалистички го опишува традиционалното богатство- „виод на лудоста“ (1938), „Игри на судбината“ (1939).

Творештво

уреди

Махфуз е автор над 40 збирки, раскази и романи. По 1945 година во серија романи го опишува египетското општество-„Новото Каиро“ (1945), „Уличката Ал Медак“ (1947), „Почетокот и крајот“ (1949). Оваа панорама наоѓа кулминација во познатата триологија состаена од „Меѓу дворците“, „Дворецот на копнежот“ и „Шеќерната куќа“, пишувани од 1947 до 1952 година и објавени од 1956 до 1957 година. Низ животот на трите поколенија на една каирска фамилија, авторот ги изнесува социјалните и политичките потреси на египетската историја. Пресврт во неговото творештво настанува во 60-тите години, кога Махфуз се ориентирал кон краткиот расказ и оставал повеќе место за симболот што носи постојана тревога и страдања, произлезени од еволуцијата на едно општество во кое поединецот е сè повеќе осамен и напуштен-„Крадецот и кучињата“ (1961), „Есенската потполошка“ (1962), „Светот на Бога“ (1963), „Пат“ (1964), „Питач“ (1965), „Разговор на Нил“ (1966), „Таверната на црната мачка“ (1968), „Меден месец“ (1971).

Наводи

уреди
  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010