Најголемо површинско забрзување

(Пренасочено од НПЗ)

Најголемо површинско забрзување (НПЗ или PGA од англ. peak groung acceleration) е мерка за забрзувањето на еден земјотрес на површината на земјата и важен фактор во земјотресното инженерство.

За разлика од Рихтеровата скала, ова не е мерка за севкупната величина на земјотресот, туку за јачината на потресот во извесно географско подрачје. НПЗ се одредува со мерни инструменти наместо од сведоштва како кај Меркалиевата скала, иако обично добро соодветствува на неа.

Најголемото површинско забрзување се изразува во g (забрзувањето поради Земјината тежа) или во м/с2 (1 g=9,81 м/с2).

Најчест вид на површинско забрзување во градежништвото е најголемото хоризонтално забрзување (НХЗ или PHA).

Други карактеристични параметри на потресот е најголемата брзина и најголемото поместување.

НПЗ Магн. Длабочина Земјотрес
2,2 g 6,3 5 км Земјотрес во Крајстчерч (2011)
1,7 g 6,7 19 км Земјотрес во Калифорнија (1994)
1,26 g 7,1 10 км Земјотрес во Крајстчерч (2010)
0,8 g 6,8 16 км Земјотрес во Кобе (1995)
0,5 g 7,0 13 км Земјотрес на Хаити (2010)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • Murphy, J.R.; o'brien (1977). „The correlation of peak ground acceleration amplitude with seismic intensity and other physical parameters“. Bulletin of the Seismological Society of America. 67 (3): 877–915.
  • Campbell, K.W. (1997). „Empirical near-source attenuation relationships for horizontal and vertical components of peak ground acceleration, peak ground velocity, and pseudo-absolute acceleration response spectra“. Seismological Research Letters. 68: 154–179.
  • Campbell, K.W.; Y. Bozorgnia (2003). „Updated near-source ground-motion (attenuation) relations for the horizontal and vertical components of peak ground acceleration and acceleration response spectra“. Bulletin of the Seismological Society of America. 93 (1): 314–331. doi:10.1785/0120020029.
  • Wald, D.J.; V. Quitoriano, T.H. Heaton, H. Kanamori (1999). „Relationships between peak ground acceleration, peak ground velocity, and modified Mercalli intensity in California“. Earthquake Spectra. 15: 557. doi:10.1193/1.1586058.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)