Мутоскоп
Мутоскоп — едноставна машина[1] низ која се гледале подвижни слики. Апаратот ја прикажувал раната анимација заснована врз сменување на низа фотографии кои давале привид на движење. Всушност мутоскоп е посовршена верзија на кинеограф, кога на едноставната книшка (кинеограф) која прикажува низа од движења со прелистување, и се додале механички делови - рачка за вртење, тапан, постоље, шпијунка или отвор за гледање, тогаш посовршениот кинеограф бил наречен мутоскоп. Овој уред во 1894 година го измислил Херман Каслер (англиски јазик|Herman Casler).[2] Сè до крајот на првата деценија од дваесеттиот век, оваа направа била една од главните атракции на панаѓурите, саeмите, излетиштата во Европа, а особено во Англија. Мутоскопот станал доминантен во работењето со машини на монети.[3]
Оптички уреди
уреди- Тауматроп
- Фенакистоскоп
- Стробоскоп
- Зоотроп или зоетроп
- Фантаскоп
- Праксиноскоп
- Зоопраксископ
- Кинеограф
- Кинора
- Филоскоп
- Мутоскоп
„Мутоскоп“ на Ризницата ? |