Мустафа Карахасан

Мустафа Карахасан — македонски раскажувач, романописец, есеист и драмски автор[1].

Животопис

уреди

Карахасан е роден во Скопје на 14 јули 1920 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел во Републичкиот завод за унапредување на школството на Македонија. Член на ДПМ од 1979 година. Автор е на книгите: Малите херои (раскази, 1950), Ваташанка (раскази, 1951), Солзи во срцето (раскази, 1954), Белешки од затворот (сеќавања, 1955), Сузана (роман, 1956), Мара (роман, 1972), Седмоглавиот џин (раскази за деца, 1973), Титова идеологија (студија, 1980), Одбрани трудови или Македонија од преродбата до социјалистичката револуција 1879-1945 година (1983).[2]

Наводи

уреди
  1. Стефановски, Ристо (2009). Монографија на турскиот театар (PDF). Скопје: Национална установа „Турски театар“. ISBN 978-608-65109-0-9. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-01. Посетено на 2011-02-19.
  2. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 115.