Мусина Кокалари
Мусина Кокалари (10 февруари, 1917 Адана, Турција - 14 август 1983 година) од Ѓирокастро, Албанија беше албанска писателка на проза и политичарка во пред-комунистичкиот период во Албанија. Таа беше основач на Социјалдемократската партија на Албанија во 1943 година.[1] Кокалари беше првата жена писател во Албанија.[2] По кратко учество во политиката во текот на Втората светска војна, таа беше прогонувана од страна на комунистичкиот режим во Албанија и не и било дозволено да пишува повеќе. Таа почина во сиромаштија и целосна изолација.
Мусина Кокалари | |
---|---|
Мусина Кокалари | |
Роден/а | Мусина Кокалари февруари 10, 1917 Адана, Турција |
Починат/а | 13 август 1983 Решен, Албанија | (возр. 66)
Занимање | Писателка |
Јазик | Албански |
Националност | Албанка |
Народност | Албанка |
Образование | Литература |
Апсолвент на | Универзитет Ла Сапијенца |
Значајни дела | "Како што мојата стара мајка ми кажува" (1941, Siç me thotë nënua plakë); "Околу огништето (1944, Rreth vatrës); "Како трепереше живот" (1944, Sa u tund jeta...). |
Таа на возраст од 24 објави 80-странична колекција од десет младешки приказни во проза: Како што мојата стара мајка ми кажува (албански: Siç me thotë nënua plakë). Оваа историска збирка, силно инспирирана од Тоскиски фолклор и од секојдневните борби на жените, се смета за прво дело напишано и објавено од страна на жена во Албанија.[2] Кокалари ја нарече книгата "огледало на светот поминат, патот на транзицијата од момичешка возраст со своите мелодии и првите години од бракот во светот на возрасната жена, уште еднаш обврзана од тешките синџири на ропство на патријархалниот фанатизам."
Кокалари беше една од првите 30 затворени писатели да бидат наведени во 1960 година од страна на Комитетот на Трите (претходник на Меѓународниот ПЕН).[3] Во 1993 Кокалари беше посмртно прогласена за Маченик на Демократија од страна на претседателот на Албанија и училиште во Тирана сега го носи нејзиното име.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Musine Kokalari: Dashuria ime italiane“ [Musine Kokalari: My Italian Love]. Ikubinfo.com. Архивирано од изворникот на 2009-09-04. Посетено на 2014-11-11. (албански)
- ↑ 2,0 2,1 Wilson, Katharina. An Encyclopedia of continental women writers. 2. стр. 646. ISBN 0-8240-8547-7.
- ↑ 3,0 3,1 „1960: Musine Kokalari“. International Pen. Архивирано од изворникот на 2010-03-28. Посетено на 2014-11-11.