Мунтазар ал Зејди
Мунтазар ал Зејди (арап. منتظر الزيدي; р. 12 нормври 1979 г., Багдад, Ирак) е ирачки новинар најдобро познат по тоа што ги фрлил своите чевли врз претседателот на САД, Џорџ В. Буш.
На 14 декември 2008 г. за време на Бушовата ненајавена проштална посета на Багдад, додека држел прес−конференција со ирачкиот премиер Нури ал Малики, ал Зејди го нападна американскиот претседател гаѓајќи го со своите чевли, по што на арапски јазик го нарече куче. Агентите на тајната служба и обезбедувањето брзо реагирале, го грабнале новинарот и веднаш го изнеле од салата. Додека обезбедувањето го изнесувале, ал Зејди извикувал: „Ова е збогување, ти песу!“. Буш не бил повреден бидејќи успеал да се наведне и да ги избегне чевлите фрлени кон него.
Првиот чевел прелета над главата на американскиот претседател, а вториот го промаши бидејќи се наведна. По инцидентот, Буш се пошегувал на своја сметка, велејќи дека не почувствувал закана во овој напад врз него и додал дека единственото нешто што го видел, било дека чевелот бил „со големина 10“. Откако ал Зејди бил изнесен од салата, американскиот претседател продолжил да одговара на новинарските прашања.
Во блискоисточните земји, фрлањето чевел по некого е најголема навреда и знак за презир. Известувачите овој чин го нарекуваат симболичен бидејќи Ирачаните и нив им фрлале чевли и со нив удирале врз статуата на поранешниот претседател Садам Хусеин во Багдад.
Ал Зејди тврди дека бил претепан од страна на тајните служби.