Музика и стихови (англиски: Music and Lyrics) е американски филм од 2007 година, во режија на Марк Лоренс, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Хју Грант, Хејли Бенет и Дру Баримор.

Содржина уреди

Поп ѕвездата од 1980-тите, Алекс Флечер (го игра Грант), живее удобен живот на Менхетен. Тој е на залезот од кариерата и настапува само на локалните сами и во забавните паркови. Сепак, талентираниот Алекс добива можност да се врати на сцената кога популарната млада поп пејачка Кора Корман (ја игра Бенет) го поканува да напише и да сними дует со неа. Меѓутоа, се појавува еден проблем: тој е добар во компинирање мелодии, но не може да напише текст, а има само една недела да го направи тоа. Тука се појавува Софи Фишер (ја игра Баримор)...[1]

Наводи уреди

  1. Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 14.