Музеј на Град Скопје
Музеј на Град Скопје (МГС) — музеј на градот Скопје сместен во центарот на градот. Основан во 1949 г.[1], а од 1970 г. Музејот е сместен во пренаменетиот дел од старата железничка станица која делумно била разурната во скопскиот земјотрес од 1963 г. Една третина од зградата, која останала релативно зачувана, денес е во функција на Музејот кој располага со простор од 4.500 м2, од кои 2.000 м2 е изложбен простор.
Лого на Музејот на Град Скопје | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Поранешно име | Народен музеј на Град Скопје |
---|---|
Основан | 1949 |
Место | Скопје, Македонија |
Тип | градски |
Збирки/Одделенија | Археолошко. Историско. Етнолошко, Историја на уметност. Архитектура урбанизам и дизајн, Едукација, Фотографија, видео и дигитализација |
Фонд | 21.950 |
Сопственик | Град Скопје |
Оттогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на подрачјето на археологијата, историјата, етнологијата, уметничката историја на подрачјето на Град Скопје. Освен системските истражувања, прибирање, средување, заштита и чување, музејот врши и стручна обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и неговата јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата така и во странство.
Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети распоредени по повеќе одделенија: археологија, историја, етнологија, историја на уметноста, архитектура, урбанизам и дизајн, едукација, фотографија, видео и дигитализација, а работи и музејска библиотека[2]. Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од 182 фотографии на доајенот на македонската уметничка фотографија Благоја Дрнков и донацијата на јапонска графика укијо-е. Во 1991 г. Љубомир Белогаски му подари на Музејот на Град Скопје 159 дела (претежно акварели). Оваа збирка, која има исклучителна вредност и прва од таков вид во државата, го овозможи формирањето на галеријата при Музејот на Град Скопје што го носи името на дарителот Љубомир Белогаски и во која чувајќи го споменот за него постојано се изложени неговите дела.
„Прошетка низ минатото“ е постојана поставка во Музејот која го опфаќа периодот од Праисторија до почетокот на 20 век за Скопје со неговата околина. „Отворено графичко студио - МАК-ГРАФ“ отворено во 1994 г. кое има и меѓународен карактер, простор за постојан контакт меѓу уметниците но и публиката, каде уметниците графичари можат да творат и да ги изложуваат своите дела. Во Старата скопска чаршија се наоѓаат депандансите на музејот, и тоа во Сули ан е сместена постојаната поставка за „Историјата на старата скопска чаршија“. „Меморијалниот музеј на Покраинскиот комитет на КПЈ“ и „Меморијалниот музеј на илегалната работилница за оружје од НОБ“.
Старата железничка станица во која се наоѓа музејот е прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[3]
-
Поставки во Етнолошкиот оддел на музејот
-
Железничката станица пред 1963 г.
-
Старата Скопска Железничка станица која што по Скопскиот земјотрес служи како објект за музејот.
-
Музејот во 1989 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Историјат“. Музеј на Град Скопје. Архивирано од изворникот на 2016-04-23. Посетено на 1 октомври 2015.
- ↑ „Библиотека“. Град Скопје. Архивирано од изворникот на 2016-06-08. Посетено на 1 октомври 2015.
- ↑ Културно добро бр. 386: „Стара железничка станица“ — Национален информативен систем за културното наследство на УЗКН
Надворешни врски
уреди„Музеј на Град Скопје“ на Ризницата ? |
- Музеј на Град Скопје Архивирано на 20 февруари 2010 г.