Музеј Лесја Украинка (Киев)
Музејот посветен на Лесја Украинка (украински: Музей Лесі Українки) се наоѓа по должината на улицата Саксаганска бр. 97, во престолнината на Украина, Киев.
Основан | 1962 |
---|---|
Место | Саксаганска бр. 97, Киев, Украина |
Музејот бил отворен во 1962 година и се состои од десетина соби каде живееле неколку украински писатели во различни времиња, од 1890 до 1910 година. Музејот содржи материјали за животот и работата на познатата украинска писателка Лесја Украинка, како и нејзини предмети, првите нејзини изданија и слично.