Арпа (река)
(Пренасочено од Музгали)
Арпа (грчки: Ξηροπόταμος) — река во Кукушко, Егејска Македонија, лева притока на Галик.[1]
Арпа Ξηροπόταμος | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Кукушко, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Карадаг |
• координати | 41°03′00″N 23°07′20″E / 41.0499° СГШ; 23.1223° ИГД |
Устие | |
• место | Галик кај Караџа Кадар |
• координати | 40°53′24″N 22°53′50″E / 40.8899° СГШ; 22.8971° ИГД |
Особености на сливот | |
Реката извира под името Музгали во источното подножје на планината Карадаг, западно под врвот Џамалука (862 м). Тече на запад, а кај селото Врлан свртува на југозапад. Минува источно од Севендекли, Инанли и Ени Маало, свртува на запад и по селото Караџа Кадар се влева во Галик како негова лева притока.[1]