Мрачниот жетвар (филм)

Мрачниот жетвар (италијански: La commare secca) - италијански филм од 1962 година во режија на Бернардо Бертолучи, кој е автор и на сценариото, заедно со Пјер Паоло Пазолини. Главните улоги ги толкуваат: Франческо Рују, Џанкарло де Роса и Винченцо Чичора.

Синопсис

уреди

Во паркот во близина на реката Тибар во Рим е пронајдена убиена проститутка. Полицијата трага по луѓето кои биле во паркот во текот на таа ноќ и ги приведува сомнителните лица во полициска станица, испрашувајќи ги зошто биле таму таа ноќ. Еден од нив е и убиецот на проститутката, кој најпосле е откриен.[1]

Наводи

уреди