Мојсеј Мајмонид

средновековен еврејски филозоф
(Пренасочено од Мојсије Мајмонид)

Мојсеј Мајмонид, или Муса Бен Мејмун (арапски:موسى بن ميمون‎‎), (1135 - 13 декември 1204) бил средновековен еврејски филозоф, теолог, математичар, астроном и лекар.

Мојсеј
Мојсеј Мајмонид

Портрет од Мојсеј Мајмонид од 18 век.
Роден(а)30 март или 6 април 1135 Веројатно роден на 28 март или 4 април 1138 година
Кордоба, Алморавидова Империја (денес Шпанија)
Починал(а)12 декември 1204 (на 69 години)
Фустат, Ајубид (султанат) (денес Египет)
ПериодСредновековна филозофија
ПодрачјеЕврејска филозофија
ШколаЕврејско право, еврејска етика
Претежна дејност
Религиозно право
Потпис

Животопис

уреди
 
Споменик на Мајмонид во Кордоба, Шпанија

Мојсеј Мајмонид е роден во Кордоба во 1135 година, во периодот што некои научници го сметаат за крај на златната ера на еврејската култура во Шпанија. Уште многу млад покажал интерес за наука и филозофија. Ги читал старогрчките филозофи кои биле преведени на арапски јазик, и бил длабоко навлезен во изучувањето на исламската култура.[4] Влијание му извршила гаонската традиција, посебно нејзината верзија од северна Африка.[5] Мајмонид не бил познат како поддржувач на кабалата, иако во неговата филозофија постои интелектуален тип на мистицизам.[6] Не ја одобрувал поезијата, која според него, во најголем дел била неточна.

Берберската Алмохадска династија го освоила градот Кордоба во 1148 година, ја укинала заштитата на немуслиманите од страна на државата со плаќање на посебен данок, што дотогаш го плаќале Евреите и христијаните. Со укинување на заштитата, немуслиманите морале да ја сменат верата или да се иселат.[7][8]

Така, семејството на Мајмонид од родната држава Шпанија се преселиле во Египет, а потоа во Мароко поради верските прогонувања. Според некои проучувачи, Мајмонид ја сменил верата пред да се пресели.[9] По десет години, Мајмонид се населил во Фес, Мароко.

Тој во Каиро држел предавања од физиологија, теологија и медицина, и му бил личен лекар на Саладин во египетскиот замок. По сметта на Саладин, останал да биде лекар на кралското семејство.[10] Во своите медицински дела, Мајмонид опишал многу болести, меѓу кои астма, шеќерна болест, Хепатит и Пневмонија, и ја нагласувал потребата од умерено живеење.[11]

Тој исто така ја составил „Хипократовата заклетва“ во неговото време, тоест „Молитвата на еден лекар од 12 век“.

Тој починал на 12 декември 1204 година. За него понекогаш се вели дека бил потомок на кралот Давид, иако самиот никогаш тоа не го изјавил.[12][13]

Негови книги

уреди

Тој напишал повеќе астрономски и математички книги и 18 медицински книги со теории многу пред времето во кое живеел. Книгите ги пишувал на арапски, а од сите најважни се:

  • „Светлост“ и
  • „Водич на збунетите“

Учење

уреди

Мајмонид е денес еден од најдебатираните еврејски мислители, и се смета за симбол на интелектуален херој. Филозофите како Лео Штраус ја покажале вредноста на Мајмонид. Етиката на Мајмонид се заснова врз верата на слободата на човечката воља и неговата работа. Тој го сметал Аристотел за најоглем филозоф и се обидувал да донесе вера заедно со античката филозофија. Во неговата најважна филозофска книга „Воднич на збунетите“ тој се обидел да ја базира религијата на рационална основа, што предизвикало жестока осуда на православните поддржувачи на јудаизмот. Па затоа некои негови книги се запалени.

Наводи

уреди
  1. „H-Net“.
  2. „Maimonides Islamic Influences“. Plato. Stanford.
  3. „Isaac Newton: "Judaic monotheist of the school of Maimonides". Achgut.com. 2007-06-19. Посетено на 2010-03-13.
  4. Stroumsa, Maimonides in His World: Portrait of a Mediterranean Thinker, Princeton University Press, 2009, p.65
  5. Strousma, Maimonides in His World, pp.66–67
  6. Abraham Heschel, Maimonides (New York: Farrar Strauss, 1982), Chapter 15, "Meditation on God," pp. 157–162.
  7. Y. K. Stillman, уред. (1984). „Libās“. Encyclopaedia of Islam. 5 (2. изд.). Brill Academic Publishers. стр. 744. ISBN 90-04-09419-9.
  8. „Jewish Virtual Library“. Jewish Virtual Library. Посетено на 2012-09-19.
  9. Stroumsa (2009), Maimonides in His World, p.59
  10. Julia Bess Frank (1981). „Moses Maimonides: rabbi or medicine“. The Yale Journal of Biology and Medicine. 54 (1): 79–88. PMC 2595894. PMID 7018097.
  11. Fred Rosner (2002). „The Life of Moses Maimonides, a Prominent Medieval Physician“ (PDF). Einstein Quart J Biol Med. 19 (3): 125–128. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-03-05. Посетено на 2018-11-23.
  12. Sarah E. Karesh; Mitchell M. Hurvitz (2005). Encyclopedia of Judaism. Facts on File. стр. 305. ISBN 978-0-8160-5457-2.
  13. H. J. Zimmels (1997). Ashkenazim and Sephardim: Their Relations, Differences, and Problems as Reflected in the Rabbinical Responsa (Revised. изд.). Ktav Publishing House. стр. 283. ISBN 978-0-88125-491-4.