Хипократова заклетва

Хипократова заклетва — заклетва која традиционално ја положуваат лекарите обврзувајќи се дека етички ќе ги извршуваат должностите од својата професија.

Научниците сметаат дека заклетвата ја напишал Хипократ, често нарекуван татко на медицината, или некој од неговите ученици.[1]

Денешната верзија на заклетвата е усвоена во 1946 година во Женева. Ова е превод на истата.

Во часот кога стапувам меѓу членовите на лекарската професија, свечено се обврзувам дека својот живот го ставам во служба на хуманоста.

Кон своите учители ќе ја зачувам должната благодарност и почит. Својата професија ќе ја извршувам совесно и достоинствено.

Најголема грижа ќе ми биде здравјето на болниот. Ќе ги почитувам тајните на секој кој ќе ми се довери. Со сите свои сили ќе ја одржувам честа

и племенитите традиции на лекарската професија. Моите колеги ќе ми бидат браќа. Во извршување на својата должност нема да имам никакви

верски, национални, расни, политички или класни предрасуди. Апсолутно ќе го почитувам човековиот живот, од неговиот почеток до крајот.

И под закана нема да допуштам моето медицинско знаење да се искористи спротивно на законите на хуманоста.

На ова се обврзувам свечено, слободно повикувајќи се на својата чест.

Византиски ракопис на заклетвата од 12 век во форма на крст

Наводи

уреди
  1. Farnell, Lewis R. (2004) [1920]. Greek Hero Cults and Ideas of Immortality : The Gifford Lectures : Delivered in the University of St. Andrews in the Year 1920. Whitefish, Montana: Kessinger Publishing. стр. 269. ISBN 978-1-4179-2134-8. The famous Hippocratean oath may not be an authentic deliverance of the great master, but is an ancient formula current in his school.