Морски пескар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Блатарки
Род: Charadrius
Вид: Морски пескар
Научен назив
Charadrius alexandrinus
Linnaeus, 1758
Подвидови
  • C. a. alexandrinus
  • C. a. nivosus
  • C. a. tenuirostris

Морскиот пескар (научCharadrius alexandrinus) е мала блатарка која се среќава и во Македонија.

Опис

уреди

Морскиот пескар е долг 15-17 см. Тој е помал, посветол, со подолги нозе и потенок клун од средниот пескар. Линијата на градите не е целосна и често личи како темна дамка од страната на градите. Грбот му е кафеавосив, а стомакот бел, без шарки. Во сезона на парење, ознаката на градите е црна, инаку е кафеава. Некои мажјаци во сезоната на парење имаат црно чело и црна маска преку очите. Нозете му се црни. Во лет, пердувите за летање му се црнкави обрабени со силна бела боја на краевите. Летачкиот повик е остро бип.

 
Во Индија
 
Charadrius alexandrinus Јајце

Поведение

уреди

Живеалиштето на морскиот пескар се песочните морски плажи и соленкави езера, и понекогаш крај слатки води. Гнезди на земја и несе 3-5 јајца.

Во потоплите региони оваа птица е постојан жител, но од северните краеви се сели во тропските.[1] Се храни со инсекти и други безрбетници, кои ги лови со трчи-пауза техника, за разлика од другите блатарки кои претежно полека одат и пасат по крајбрежјето.

Оваа птица има неколку географски раси, од кои најмногу се издвојуваат двете кои живеат во Америка, наречени снежен пескар. Тие имаат пократки нозе, посветли и посиви се одозгора отколку птиците во Стариот Свет, и на мажјаците во сезона на парење им недостига испакнатата капа, како и маската врз очите која е или многу слаба или воопшто ја нема. Генетичките истражувања објавени 2009 година, сугерираат дека оваа птица е посебен вид.[2]

Кај расите од Индија и Шри Ланка исто така, недостига капата и имаат слаба маска врз очите.

Статус

уреди

Во многу делови од светот, многу е тешко овој вид непречено да се размножува на плажите поради човечките активности и нивните животни. Универзитетот на Калифорнија во Санта Барбара вложува напори да ја рехабилитира популацијата на снежниот пескар со заштита на плажите во централна Калифорнија кои минуваат низ универзитетскиот кампус.[3]

На морскиот пескар се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици-преселници.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Charadrius alexandrinus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Küpper, Clemens; Augustin, Jakob; Kosztolányi, András; Burke, Terry; Figuerola, Jordy; Székely, Tamás (2009). „Kentish versus Snowy Plover: phenotypic and genetic analyses of Charadrius alexandrinus reveal divergence of Eurasian and American subspecies“ (PDF). The Auk. American Ornithologists' Union. 126 (4). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-06. Посетено на 2013-07-06.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. „2003 UCSB Press Release on snowy plovers“. World Heritage. Архивирано од изворникот на 2008-09-29. Посетено на May 21, 2007.
  • Acta Zoologica Academiae Scientiarum Hungaricae. 49: 103. Отсутно или празно |title= (help)
  • Micronesica. 32: 257. Отсутно или празно |title= (help)
  • Museum of Texas Tech University Occasional Papers. 239: 1. Отсутно или празно |title= (help)
  • Hayman, Peter; Marchant, John; Prater, Tony (1986). Shorebirds: an identification guide to the waders of the world. Croom Helm. ISBN 0-7099-2034-2.

Надворешни врски

уреди