Морган Скот Пек (23 мај 1936 година - 25 септември 2005) е американски психијатар и најпродаваниот автор , најпознат по својата прва книга "Патот по кој поретко се оди" (The Road Less Traveled), објавена во 1978 година.

Морган Скот Пек
Занимањепсихијатар
НационалностСАД
Значајни делаThe Road Less Traveled, People of the Lie

Животопис

уреди

Пек е роден во Њујорк. Неговите родители го испратиле на престижниот интернат Phillips Exeter Academy во Ексетер, Њу Хемпшир, кога имал 13 години. Во својата книга The Road Less Traveled , тој ја опишува приказната за неговиот краток престој во Ексетер, и признава дека тоа било најмизерното време. Конечно, на 15 години, за време на пролетениот распуст од неговата трета година, дошол дома и не сакал да се врати во училиште, при што неговите родители побарале психијатриска помош за него и тој бил (што е од особен интерес за него понатамошниот живот) дијагностициран со депресија и го препорачале за едно месечен престој во психијатриска болница (освен ако тој не одлучил да се врати во училиште). Тој дипломирал на Friends Seminary во 1954 година, по што тој се здобива со магистратура од Харвард во 1958 година и докторска диплома од Case Western Reserve University во 1963 година.Работел на управни места во владата во текот на неговата кариера како психијатар. Тој служел во американската армија и достигнал ранг на потполковник .Неговите задачи во армијата вклучувале должности како шеф на психологија на Армијата во Медицинскиот центар во Окинава, Јапонија, и помошник-началник на психијатрија и неврологија во канцеларијата на генералниот хирург во Вашингтон.Тој бил медицински директор на New Milford Hospital Mental Health Clinic и психијатар во приватната ординација во New Milford, Connecticut. Неговата прва и најпозната книга "The Road Less Traveled, била продадена во повеќе од десет милиони примероци.

Делата на Пек ги комбинирале неговите искуства од неговата приватна психијатриска пракса со јасна религиозна гледна точка. Во својата втора книга, People of the Lie , тој напишал: "По многу години на нејасна идентификација со будистичкиот и исламскиот мистицизам, јас конечно направив цврста христијанска обврска - означена со моето не-фракционерско крштевање на деветти март 1980 година ... "(Пек, 1983/1988, ).Еден од неговите религиозни ставови бил дека луѓето кои се злобни напаѓаат други, наместо да се соочат со своите сопствени неуспеси. Неговите верски ставови се критикувани од некои конзервативци.

Во декември 1984 година, Пек ја основал Foundation for Community Encouragement (FCE), ослободена од даноци, непрофитна, јавна образовна установа, чија јасна мисија била "да се научат принципите на заедницата на поединци и организации." FCE престанала со операциите од 2002 до 2009 година. На крајот на 2009 година, речиси 25 години откако првпат била формирана FCE, организацијата повторно функционира, и почнала да нуди и изградба на заедница и обуки во 2010 година.

Пек се оженил со Лили Хо во 1959 година, и тие имале три деца. Во 1994 година, тие заеднички ја добиле Community of Christ International Peace награда .Во 2004 година, тие се разделиле, а подоцна се развеле. Пек потоа се оженил со Кетлин Клајн Јејтс. Додека пишувањето на Пек ги истакнува доблестите на дисциплиниран живот и одложување на задоволството, неговиот личен живот е далеку повеќе од турбулентен. На пример, во книгата In Search of Stones,Пек признава дека имал вонбрачни афери и бил оттуѓен од неговите две деца.

Пек починал во својот дом во Конектикат на 25 септември 2005 година, по боледување од Паркинсонова болест и рак на панкреасот и рак на каналот на црниот дроб .Образовниот институт Fuller Theological Seminary ги архивирале неговите публикации, награди, и писма.

Патот по кој поретко се оди

уреди

"Патот по кој поретко се оди" (The Road Less Traveled) објавена во 1978 година, е најпознатата работа на Пек, и е книгата која е заслужна за неговата репутација.Тоа е, накратко, опис на атрибути кои сочинуваат едно исполнето човечко суштество, заснована главно на неговите искуства како психијатар и човек.

Во првиот дел од работата Пек зборува за дисциплината , и тој смета дека е суштинска за емотивното , духовното и психичкото здравје, и која тој ја смета како "средство за духовна еволуција". Елементите на дисциплина кои придонесуваат за такво здравје ја вклучуваат способноста да се одложи задоволството , прифаќајќи ја одговорноста за себе и своето дејствување, со посветеност кон вистината и балансот.

Во вториот дел, Пек ја разгледува природата на љубовта, за која тој смета дека е главната движечка сила покрај духовниот раст.Тој дел главно напаѓа голем број погрешни сфаќања за љубовта: дека романтична љубов постои (тој го смета тоа за многу деструктивен мит ), дека станува збор за зависност , дека вистинската љубов не е "вљубување" туку дека тоа е чувство. “Вистинската љубов” e за проширувањето на границитe на егото,да се вклучи другиот и за духовното негување на другиот

Во последниот дел е опишана милозливоста, моќна сила која потекнува надвор од човековата свест која го негува духовниот развој во човечки суштества.За да го направи тоа тој ги опишува чудата на здравјето , на несвесното, и смиреноста, феномени за кои Пек вели:

  • да се негува човечкиот животот и духовниот развој
  • се целосно неразбрани од страна на научното размислување
  • се вообичаени меѓу човештвото
  • потекнуваат надвор од свесната човекова волја

Пек контроверзно не ја отфрлил можноста за полов однос (ако терапевтски) помеѓу терапевтот и пациентот, сепак тој изјавил дека никогаш не дошол до случај кога тоа е оправдано, а подоцна изјавил дека се кае што воопшто го покренал ова прашање. Тој заклучува дека " чудата опишани укажуваат на тоа дека нашиот развој како човечки суштества е повеќе со помош на сила отколку со нашата свесна волја"(Пек, 1978/1992, стр 281). Random House, каде што помалку познатои психијатар првпат се обидел да го објави неговиот оригинален ракопис, го одбиле, велејќи дека последниот дел е "премногу христијански ".Simon & Schuster го објавиле неговото за 7.500 долари и отпечатиле скромни 5.000 примероци. Книгата почна да се продава тогаш кога Пек лично побара рецензија во клучните публикации. Повторно испечатена во март 1980 година, The Road за првпат се појавил на бестселер листите во 1984 година - шест години по првичното објавување.

Луѓе на лагата

уреди

"Луѓе на лагата" (People of the Lie) првпат објавена во 1983 година, People of the Lie: The Hope For Healing Human Evil следи по првата книга на Пек.Пек ги опишува приказните на неколку луѓе, кои дошле кај него и одбивале на секаква форма на помош. Тој дошол до заклучок дека тие се злобни и продолжува да ги опишува одликите на злото во психолошка смисла, предлагајќи дека тоа би можело да стане психијатриска дијагноза.

Теории

уреди

Дисциплина

уреди

Во The Road Less Traveled, Пек зборувал за важноста на дисциплина.Тој опишал четири аспекти на дисциплината: • Одложување на задоволството: Жртвување на моменталната удобност за идни добивки. • Прифаќање на одговорноста: Прифаќање на одговорност за сопствените одлуки. • Посветеност на вистината: Чесност, на збор и дело. • Балансирање: Справување со конфликтни барања.Скот Пек зборува за важна вештина за да се даде приоритет на различни барања - групирање.

Книга на Пек започнува со длабоката вистина дека "Животот е тежок" (Пек, 1978/1992 ).Ние мора да го прифатиме фактот дека животот никогаш не е наменет да биде лесен, и дека тоа е ништо друго освен бојно поле на проблеми. Ние можеме или да се жалиме во врска со нив или да ги решиме. Тука виталната улога на дисциплината подразбира значење.

Пек ја дефинира дисциплината како основен сет на алатки кои ние ги бараме за да ги решиме животните проблеми. Овие алатки се одложување на задоволството, преземање на одговорноста, посветеноста кон вистината, и балансот. Тоа се техники на страдање, средства со кои ние ја доживуваме болката на проблемите и на таков начин на да работиме преку нив и да ги решиме успешно, учење и растење во овој процес. Повеќето од нас не сакаат да се борат со нашите проблеми, поради болката која е присутна. Одложување на задоволството е процес преку кој ние учиме да се сретнеме со болката и да ја доживееме , и потоа да уживаме во задоволството. Со тоа, ние ја подобруваме радоста на задоволство. Повеќето од нас ја учат оваа активност на возраст од пет години. На пример, шестгодишно дете претпочита да ја јаде прво тортата и на крај шлагот. Децата попрво би ја завршиле својата домашна задача, за да може подоцна да си играат . Сепак, доста голем број од адолесцентите се чини дека имаат недостаток на оваа способност. Овие проблематични ученици се целосно контролирани од страна на нивните нагони .Таквите млади уживаат во дрогата , влегуваат во чести тепачки , и честопати се наоѓаат во конфронтација со власта .

Преземање на одговорноста за нашите проблеми е можеби и е нешто најтешко. Само со прифаќање на фактот дека имаме проблеми, можеме да ги решиме. Однос од типот на "Тоа не е мој проблем!" нема да не однесе никаде. Невроза и растројство на карактерот се двете нарушувања на одговорноста. Луѓето со невроза, преземаат преголема одговорност и се чувствуваат виновни за сето она што не е во ред во нивниот живот. "Се вели дека" луѓето со невроза прават да се чувствуваат мизерно, а оние со нарушување на карактерот прават сите други да се чувствуваат мизерно "(Пек, 1978/1992,) .Секој од нас е невротичен или со нарушување на карактерот во еден или друг момент . Луѓето со невроза мора да сфатат дека тие не мора да биде водени од претерана вина , додека пак оние со нарушување на карактерот мора да научат да ги преземат работите во чекор, наместо да станат товар на општеството.Зборовите на Eldridge Cleaver , "Ако не сте дел од решението, тогаш сте дел од проблемот", добро не посочува на сите нас.

Посвета на вистината доаѓа на ред. Сите ние имаме одреден поглед на светот кој мора да бидат постојано обновуван и преиспитан како што се наоѓаме себеси изложени на нови податоци.Ако нашата гледна точка е ораничена, лажна и застарена, тогаш ние ќе бидеме изгубени. Истото важи и за нашите животни искуства. Горчливото детство може да направи еден човек да има лажна идеја дека светот е непријателско и нечовечно место. Сепак, ако лицето треба допрва да расте, тогаш тоа мора да ги остави на страна предрасудите и да го преиспита својот поглед кон светот.Да се биде верен, исто така, подразбира живот на искрено само-испитување, подготвеност да биде лично предизвикан од страна на други и целосна чесност кон себеси и кон другите.

Конечно дојдовме до урамнотежување на техниката на флексибилност. Голем дел од времето ние функционираме со крути, поставени шаблони на однесување .Извонредната флексибилност е неопходна за успешно живеење. Дел од оваа техника е, исто така, учењето да се откажеме од нешто што ни е драго и познато. Во одбивањето да страдаме поради болката на жртвување , нема да успееме вистински да пораснеме.Со откажувањето добиваме повеќе. Овие меѓусебно поврзани техники на дисциплината се најважни, ако сакаме да се справиме со страдањата на животот. Една личност може да употреби две, три, па дури и сите стратегии во исто време. Силата, волјата и енергијата за да се применуваат овие техники доаѓаат од љубовта. Нема кратки патишта до среќата. Само со учење да се дисциплинираме себеси можеме да стапнеме на патот до задоволството и целината.

Невротично и вистинско страдање

уреди

Пек верува дека само преку страдање и агонија можеме да ги решиме многуте загатки и конфликти со кои се соочуваме.Тоа е она што тој го нарекува вистинско страдање во духовна смисла.Во обид да се избегне вистинското страдање, луѓето на крај создаваат повеќе причини за страдање. Непотребното страдање е она што Скот Пек го нарекува невротично страдање. Пек вели дека нашата цел мора да биде да ги елиминираме невротичните страдања и ус преку нашите вистински страдања да успееме да ги постигнеме нашите поединечни цели.

Пек дискутира за злото во неговата книга "People of the Lie: The Hope For Healing Human Evil , а исто така и во едно поглавје од The Road Less Traveled. Пек го карактеризира злото како злоќуден тип на самоправда во која има повеќе активно отколку пасивно одбивањето да се толерира несовршенството (гревот) и неговата консеквентната вина. Овој синдром резултира со проекција на злото врз избраните конркетни невини жртви (често деца), што е парадоксален механизам од тој со кој People of the Lie (Луѓето на лагата) го вршат злото. Пек тврди дека со овие луѓе е најтешки да се справиме со и се екстремно тешки за идентификација. Тој во неколку детали опишува неколку поединечни случаи на неговите пациенти.Во еден случај кој Пек го смета за најтипичен поради суптилноста, тој го опишува Роџер, тинејџер во депресија , син на угледни родители. Во серија на родителски одлуки оправдани од често суптилни нарушувања на вистината тие покажуваат константна несогласност за чувствата на нивниот син и доследна волја да го уништат неговиот развој. Со лажна рационалност и нормалност тие агресивно одбиваат да преземат каква било одговорност за неговата депресија, за на крај да укажат дека неговата состојба мора да е неизлечлива и генетска.

Некои од неговите заклучоци за психијатрисктаа состојба тој го назначува "злото", и се добиени од неговата блиска студија врз една пациентка по име Charlene. Иако Charlene не е опасна, таа во крајна линија не може да чувствува емпатија за другите на каков било начин. Според Пек, луѓето како неа ги гледаат другите како играчки или средства за манипулација за цвои потреби или забава. Пек наведува дека овие луѓе ретко се посетувани од психијатри и никогаш не биле излекувани успешно. Злото е опишано од Пек како "милитантно незнаење". Оригиналниот јудео-христијански концепт на " гревот " е како процес што не води "до промашување н целта" и да имаме неуспех во постигнување на совршенството. Пек расправа дека иако повеќето луѓе се свесни за тоа барем до некое ниво, оние кои се активно злобни и борбени ја одбиваат овааа свест. Пек смета дека оние кои тој го нарекува зли дека се обидуваат да избегаат и да се скријат од својата совест (само преку самоизмама) и го гледа ова како сосема различно од очигледното отсуство на совест евидентирано во социопатијата . Според Пек злобно лице:

  • постојано се самозалажува, со намера да ја избегне вината и одржува на совршена слика за себе
  • Мами други како последица на нивната сопствена самоизмама
  • Ги проектира неговите или нејзините зла и гревови врз многу конкретни цели ( жртвени јарци ) додека изгледаат нормално со сите други ("нивната нечувствителност кон него беше селективна" (Пек, 1983/1988, стр 105 ))
  • Најчесто мрази со изговор дека сака, за целта на самозалажување како и за измамата на другите
  • Злоупотребува политички (емотивна) моќ ("наметнување на човековата волја врз другите со отворена или прикриена принуда" (Пек, 1978/1992, стр 298 )
  • Одржува високо ниво на пристојност и лаже постојано со цел да го одржи тоа
  • Постојан е во неговите или нејзините гревови.Злобните лица се одликувани не толку од големината на нивните гревови, туку од нивната постојаност (на деструктивност)
  • Не е во можност да размислува од аспект на својата жртва ( жртвено јагне )
  • Има постојана нетрпеливост кон критиката и други форми на нарцисоидна повреда

Повеќето злобни луѓе го сфаќаат злото длабоко во себе, но не се во состојба да ја толерираат болката на интроспекција или да си признаат себеси дека тие се злобни.Така, тие постојано бегаат од своето зло, ставајќи се во позиција на морална супериорност и ставаат акцент на злото врз другите.Злото е екстремна форма на она што Скот Пек, во The Road Less Traveled, го нарекува нарушување на карактерот.

Користењето на My Lai Massacre како клучна студија Пек, исто така, го проучува групното зло, разговарајќи за тоа колку групниот морал на човекот е зачудувачки помал од поединечниот морал.Делумно тој смета дека тоа е резултат на специјализација, која им овозможува на луѓето да се избегне поединечната одговорност и ја префрлаат одговорноста, што резултира во намалување на групната совест.

Иако темата на злото во минатото била во доменот на религијата,Пек прави големи напори да задржи голем дел од неговата дискусија на научна основа, објаснувајки специфични психолошки механизми со кои работи злото.Тој бил, исто така, особено свесен за опасноста дека психологијата на злото да биде злоупотребена за лични или политички цели. Пек смета дека таквата психологија, треба да се користи со големо внимание, како што на пример лажно етикетирање на луѓето како злобни, е една од многу одлики на злото. Тој тврдеше дека дијагнозата на злото треба да дојде од агол на исцелување и сигурност за своите жртви, но, исто така со можност па дури и најмала , дека злото може да се излечи.

На крајот на краиштата Пек вели дека злото произлегува од слободен избор. Тој го опишува тоа на овој начин: Секој човек стои на крстопат, со еден пат што води кон Бога , а другиот пат води кон ѓаволот.Патот на Бог е вистинскиот пат, и прифаќањето на овој пат е сличен со прифакањее на повисока сила. Меѓутоа, ако човек сака да се убеди себеси и другите дека тој има слободен избор, тој повеќе би сакал да одбере патека која нема да може да биде препишана дека е вистинскиот пат. Така, тој го избира патот на злото. Пек, исто така, разговараа за прашањето на ѓаволот.Првично тој верувал заедно со 99% од психијатрите и поголемиот дел од свештенството (Пек, 1983/1988, стр. 182) дека ѓаволот не постои, но откако почнал да верува во реалноста на човечкото зло, тој потоа почнал да размислува за реалноста на духовното зло.По некое време, откако биле наведени неколку можни случаи на поседнатост и да биде вклучен во два егзорцизми, тој почнал да верува во постоењето на Сатаната. Пек сметал дека луѓето кои се опопседнати се жртви на злото, а не дека се злобни сами по себе. Но, Пек сепак мислел дека опоседnувањето е ретко,а човечко зло често. Тој верувал дека има некаква врска меѓу Сатаната и човечките зла, но не бил сигурен за неговата точна природа. Делата и ставовите на Пек за опоседnувањето и егзорцизамот сè до некоја мера под влијание и се врз основа на специфични обајснувања од Малахија Мартин , но веродостојноста на овие писмени објаснувања како и сопствениот дијагностички период на Пек за опоседнувањето биле доведени во прашање.Се зборувало дека не е можно да се најде официјална евиденција за утврдување на веродостојноста на отецот. Малахија Мартин опишал случаи на опопоседнување бидејќи сите документи за егзорцизам се запечатени од страна на Архиепископијата на Њујорк, каде сите, освен еден од случаите се одржал.

Љубов

уреди

Неговата перспектива на љубовта (во The Road Less Traveled) е дека љубовта не е едно чувство, туку тоа е активност и инвестиција.Тој ја дефинира љубовта како " Волјата да се продолжи еден за целта на негувањето на сопствениот или надуховен раст на другиот" (Пек, 1978/1992, стр. 85).Љубовта првенствено претставува акција кон негувањето на духовниот развој на другиот. Пек се обидува да направи разлика помеѓу љубовта и cathexis .Cathexis е она што го објаснува привлекувањето кон спротивниот пол, инстиктот за галење на домашните миленици и штипкање на образите на бебињата. Сепак, cathexis не е љубов. Сите се исти, вистинската љубов не може да почне во изолација, одредено количество на cathexis е потребно да се дојде доволно блиску за да вистински сакаме. Откако ќе се премине преку cathexis фазата, почнува делото на љубовта. Тоа не е чувство. Се состои од она што го правиме за другата личност. Како што вели Пек во The Road Less Traveled, "Љубовта е она што љубовта го прави."Се работи за она што го даваме на другата личност со цел да се развие. Станува збор за вистинско запознаење и разбирање.

Четирите степени на духовен развој

уреди

Пек вели дека постојат четири етапи на човековиот духовен развој :

  • Стадиум I е хаотичен, растроен, и невнимателен. Малите деца, се во фаза I. Тие имаат тенденција да пркосат и да не слушаат, и не се подготвени да прифатат волја посилна од нивната.Тие се екстремно егоистични и им недостига емпатија за другите. Многу криминалци се луѓе кои никогаш не ја надраснале Фаза I.
  • Стадиум II е фазата во која едно лице има слепа верба во авторитетни личности и го гледа светот како поделен на добро и зло, правилно и погрешно, нас и нив.Откако децата ќе научат да ги почитуваат своите родители и други авторитети, често од страв или срам, ќе стигнат до Стадиум II. Многу од таканаречените религиозни луѓе се во суштина луѓе во Стадиум II, во смисла дека тие имаат слепа вера во Бога, а не го доведуваат во прашање неговото постоење.Со слепата вера доаѓа и понизност а и волјата да се покорат и да служат.Поголемиот дел од граѓаните се добри и го почитуваат законот и никогаш не се движат надвор од Стадиум II.
  • Стадиум III е фазата на научен скептицизам и преиспитување.Лице во Стадиум III не ги прифаќа работите на судбината, туку ги прифаќа само ако е логично убеден.Многу луѓе кои работат во научни и технолошки истражувања се во Фаза III. Тие често го отфрлаат постоењето на духовни или натприродни сили, бидејќи е тешко истите да се измерат или да се докажат научно. Оние кои ги задржуваат нивните духовни верувања се држат подалеку од едноставните, официјалните доктрини на фундаментализмот.
  • Стадиум IV е фазата каде што поединецот започнува да ужива во мистеријата и убавината на природата и постоењето.Задржувајќи го скептицизмот, тој почнува да забележува големи модели во природата и развива подлабоко разбирање на доброто и злото, простувањето и милозливоста, сочувството и љубовта. Неговата религиозност и духовност се разликуваат значително од онаа на лице од Стадиум II, во смисла на тоа дека тој не ги прифати работите преку слепа вера или од страв, но тоа го прави бидејќи вистински верува, и тој не ги суди луѓето остро или бара да се нанесуваат казни врз нив, заради нивните злосторства.Ова е фаза на сакање на други како себеси, губејќи ја приврзаност кон своето его, и простување на непријателите. Луѓето од Стадиум IV се означени како Мистици .

Пек тврди дека додека транзициите од Стадиум I на Стадиум II се остри, а транзициите од Стадиум III до Стадиум IV се постепени. Сепак, овие промени се многу забележливи и обележуваат значајна разлика во личноста на поединецот. Четирите фази обезбедуваат основни материјали за книгата на Дејв Шмелзер , од 2008 година, Not The Religious Type.

Градење на заедница

уреди

Во неговата книга The Different Drum (Различни Тапани): Community Making and Peace(Создавање на заедница и мир), Пек вели дека заедницата има три основни компненти

  • Комплетлност
  • Посветеност
  • Консензус

Вез основа на искуството со работилниците за изградба на заедници, Пак вели дека типичната изградба шпоминува низ 4 фазите

  • Псевдозаедница: Ова е фаза каде учесниците се преправаат дека имаат срдечносот едни со други и ги прекриваат разликите, однесувајќи се така како да разликите не постојат.Псевдозаедницата директно никогаш не води кон заедница, и задача на водачот на заедницата кој го гради процесот е да го скрати периодот највеќе што може.
  • Хаос: Откако ќе заврши псевдозаедницата, членовите почнуваат да се отвораат меѓу себе, давајќи ростор на несогласувањата и разликите меѓу себе. Овој период е период на хаос. Време кога луѓето во заедницата сфаќаат дека разликите не може така едноставно само да се игнорираат. Хаосот изгледа контрапродуктивен но тоа е вистински чекор кон градење на заедница.
  • Празнење: По хаосот доаѓа празнење. Во оваа фаза, луѓето учат да се испразнат од факторите поврзани со егото кои го спречуваат нивниот влез во заедницата. Празнењето е тежок чекор бидејќи убива еден дел од поединецот. Но, Скот Пак се согласува дека таа смрт отвора пат за раѓање на ново дело, Заедница.
  • Вистинска заедница: Поминувајќи преку испразнувањето, луѓето од заедницата се во комплетна емпатија еден кон друг. Има високо ниво на... разнирање.Луѓето се способни да си ги поврзат чувствата меѓу себе. Дискусиите, дури и кога се вжештени не се влошуваат, а мотивите не се доведуваат во прашење.

Четирите фази за формирање на заедница се на некој начин поврзани со модел во организациска теорија за петте фази низ кои поминува тимот за време на развојот. Петте фази се:

  • Формирање : каде членовите на тимот имаат некои почетни нелагодности помеѓу себе но ништо не излегува на површина. Несигурни се за навната улога и позиција во однос на тимот. Ова соодветствува со почетната фаза на псевдозаедница.
  • Заземање : Каде членовите на тимот почнуваат пожестоко да се расправаат и разликите и несигурносите доааѓаат до израз. Оваа соодветствува со втората фаза на Скот Пак, именувана како Хаос.
  • Нормирање: Каде членовите на тимот ги отфрлаат правилата и прирачниците за интеракција кои им помагаат да ги дефинираат улогите и одговорностите на секој човек. Ова соодветствува со празнењето, каде учесниците на тимот се испразнуваат од нивните опсесии за да бидат способни да ги прифатат и и слушнат другите.
  • Изведување: Кога тимот конечно ќе почне да функционира како целина, и делотворно ги извршува задачите кои сами си ги поставуваат. Во оваа фаза целата група им помага на поединците кога тоа е потребно, со цел да се движат колективно како подобро би успеале отколку кога би биле поединци.
  • Трансформирање: Ова соодветствува цо фазата наот вистинска заедница. Ова значи фаза за славење, и кога поединците ќе си одат, бидејќи мораат, постои вистинско чувство на тага, и желба за повторна средба. Традиционално оваа фаза често се нарекува „Оплакувње“

Во оваа трета фаза методите на Пек за градење на заедница во принцип се разликуваат од развој на тим. Додека тимовите во бизнис организациите треба да развијат експлицитни правила, упатства и протоколи за време на фазата нормирање, фазата испразнување од градење на заедница не се одликува како следење на експлицитни правила, туку како отфрлање на отпорот во умот на поединцот. Пек ја основал Фондација за Поттикнување на Заедници (FCE) за да го промовира формирањето на заедници, за кои, вели тој дека се прв чекор кон соединување на човештвото и превенција од самоуништување.

Blue Heron Farm е меѓународна заедница во централниот дел на Севрна Калифорнија чии основачи биле инспирирани од делата на Пек за заедниците, иако Пек не бил инволвиран во овој проект.

Каратктеристики на Вистинска Заедница

уреди

Пек ги опишува според него најистакнатите одлики на вистинска заедница:

  • Апсолутност, посветеност и консензус: Членовите се прифаќаат и прегрнуваат, ја поддржуваат нивната поединечнист и ди надминуваат поединечност и разликите . Се обврзуваат на напор и на луѓето околу нив. Донесуваат одлуки и ги решаваат разликите со консензус.
  • Реализам: Учесниците собираат повеќе перпективи за подобро разбирање на целиот контекст на ситуацијата. Одлуките се повеќе добро заоблени смирени отколку еднострани и арогантни.
  • Контемплација: Членовите сами се тестираат. Поединечно и колективно се само свесни за светот надвор од нив, светот во нив, и врската помеѓу двата.
  • Безбедно место: Членовите си дозволуваат да ја поделат својата ранливост, да се лечат себеси, и да покаѓат кои се тие вистински.
  • Лабораторија за разоружување: Членовите експериментално ги откриваат правилата на процесот на правење мир и ги прифаќаат неговите доблести. Чувстуваат и изразуваат сочувство и почит едни кон други како човечки суштества.
  • Група која може да се бори благодарно: Членовите ги решаваат со мудрост. Слушаат и разбираат, ги почитуваат подароците од другите, ги прифаќаат ораничувањата на другите, ги слават разликите, се поврзуваат едни со други и се обврзуваат да се борат заедно отоколку меѓу себе.
  • Грпа на водачи: Членовите следат „правила за водство“ како би одлучиле и поставиле тек на акцијата. Духот на заедницата е оној кој води а не било кој индивидуалец.
  • Дух: Вистинскиот дух на заедницата е духот на мир, љубов, мудрост и сила. Членовите може да го видат изворот на духот како производ на самиот колектив или како манифестација на добра волја.

Наводи

уреди