Мокош
Мокош — една од најпочитуваните и најстарите словенски божици, во неа е зачуван споменот за Големата Мајка Божица. Претставува женски пандан на врховниот бог. Според Јагиќ нејзиното име означува мокрење, дожд[1] што упатува дека може да биде божица на плодородноста, покровителка е на женските работи и судбината и среќата на жените и ги штити жените при породувањето.[2] Иако во споменатиот киевски пантеон од цитираниот текст се наведуваат 5 богови и едно женско божество - Мокош(а), во науката се изнесени и претпоставки дека не се работи за божесттво туку за демонско суштество[3].
Мокош | |
---|---|
Дрвена статуа во Чешка | |
Божица на животворност, смрт и плодност | |
Симбол | Петок |
Сопружник | Нема |
Римски пандан | Света Петка Римска |
Христијански пандан | Света Петка, Богородица Марија |
Археолошки докази за Мокош датираат од 7 век пред нашата ера.[4] Дури во 19 век, таа била славена како божица на плодноста и владетелка на смртта.[5]
Таа зазема едно од централните места во Збручанскиот идол (еден од најдрагоцените материјали од словенското паганство), каде во рака го држи рогот на изобилието. До нејзиниот идол се наоѓаат и идолите на Лада, Перун и, веројатно, Дажбог. Таа се наоѓала и меѓу идолите на кнезот Владимир. Хроничарот Нестор вели:
"И постави (Владимир) кумири на брдото над својот дворец: на Перун, од дрво, со сребрена глава и златна брада; на Хорс и Дажбог и Стрибог и Симаргл и Мокош."
Во "Словото за идолите" се вели дека Словените им поднесувале жртви на:
"...вилите и Мокош Дива,
на Перун,
на Хорс..."''
Литература
уреди„Мокош“ на Ризницата ? |
- Б. А. Рыбаков:"Язычество древних славян"
- Вражиновски, Танас: "Народна митологија на Македонците"
- Vasiljev, Spasoje: "Slovenska mitologija"
- Zaroff, Roman: "Organised pagan cult in Kievan Rus`. The invention of foreign elite or evolution of local tradition?"
Наводи
уреди- ↑ Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 174
- ↑ Russian folk belief By Linda J. Ivantis
- ↑ Нина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр.189.
- ↑ Harald Haarmann (2008). "[1]". Introducing the Mythological Crescent: Ancient Beliefs and Imagery p. 98
- ↑ Patricia Monaghan (2010). "[2]". Encyclopedia of Goddesses and Heroines p. 516
Оваа статија поврзана со митологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |