Хорс
Хорс е источнословенско божество за чија функција се смета дека најверојатно бил бог на Сонцето, но етимологијата на ова божество очигледно не е словенска[1]. Неговиот древен идол се наоѓал на рид во Киев, покрај идолите на Перун, Дажбог, Стрибог, Симаргл и Мокош. Се претпоставува дека ликот на тоа божество бил формиран под влијаниа од југот. Понекогаш се појавува и под името Сурија (постои и хинуистичко боежство со истото име) односно Зорја. Древните Словени верувале дека Свароговиот син кова ново Сонце и дека Суриевите коњи го пренесуваат преку небото.
Хорс | |
---|---|
Хорс од Андреј Шишкин, 2015 |
Според истражувачите на словенската митологија постои мислење дека Хорс по потекло не бил словенско божество, а според тоа, не постоело ни кај старите Руси, туку му припаѓал на некој друг народ, кој живеел во руската држава, најверојатно на Крим[2].
Наводи
уреди- ↑ Нина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр. 183.
- ↑ Танас Вражиновски, Македонска народна митологија, Матица Македонска, Скопје,2002, стр.34
Оваа статија поврзана со митологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |