Дажбог Дабог, (Дајбог, Даждбог, (Даба) (стсл. Дажьбогъ) е словенски бог на Сонцето, дождот и на подземниот свет. Тој е бог кој дава живот (топлота и влага).

„Дажбог“ од М. Пресњаков, 1998.

Според некои поновите истражувања се повлекува линијата на разграничување. Дажбог бил прататко на рускиот народ, во ‘Слово за полкот Игорев’ тие се нарекуваат како негови внуци, а руските кнезови негови директни потомци. Неговиот култ бил поврзан со сонцето, бил бог дарител кој носел среќа и благосостојба.

Според Чајкановиќ тој е родоначалник на Словените и врвен бог кај Србите со силен хтоничен карактер[1].

Особености

уреди

Даждобог според некои истражувачи води потекло од прастариот пантеон на нетелесните (небесни) божества, но во малкуте зачувани траги тој се сретнува како божество на сонцето (всушност на сончевата топлина и на дождот, со што го поспешува животот и директно влијае на плодност). Толкувањето на неговата поврзаност со доѓдот доаѓа од етимологија на името кое содрѓи ѕбор дожд, што се во неколку словенски јазици доведува во врска со таа одлика. Според преданијата во српската наративна книжевност се сретнува трансформиран во старец кој се движи со помош на бастун, бидејќи е куц на едната нога, облечен е во кожув од кожата на медвед (или некоја друга). Него секогаш го следи црн пес (или волк). Според некои наводи песот е слеп на едно око, но таа одлика му се придава и на самото божество (блискост со Велес). Постојат и траги на верување дека одел на бел коњ и дека бил често меѓу луѓето помагајќи им.

Веселин Чајкановиќ Даждобог го толкува како хтонско божество според народните преданија и верувања. Тој дури нагласува неговата директна врска со самиот ѓавол, па дури и како крал на ѓаволите (Даба)[2]. Чајкановиќ го објаснува тоа со тврдењето дека Даждобог како божество на подземниот свет по прифаќање на христијанството бил трансформиран во ѓаволот, а кон тоа сугерира и неговиот изглед. Исто така тој наведува дека Даждобог претставува божество скитник и дека обредите сврзани со Бадниот ден (обреден елемент: доаѓање на божество)се всушност во негова чест, во прилог на што ги наведува обредните елементи од култот на предците.

Даждобог може да се трансформише во волк, те. волкот го претставува првобитниот антропоморфен изглед на божеството, којшто во преданијата се појавува како куц волк, или волк со белата боја. Ова толкување всушност претставува и анимистичка форма на предците, што повторно упатува на хтоничен карактер на Даждобог.

Во рускиот еп "Словото за полкот Игорев" (12 ек) пишува:

Тогаш, во времето на Олег Злославич, се сееше и буеше неслога насекаде, гинеа благо Дажбоговите потомци, во буните кнежевски, човечкиот век се кратеше.

Познатиот истражувач на македонската народна митологија, д-р Танас Вражиновски, во Мариовско запишал едно предание, во кое е зачувано името на овој словенски бог. Меѓу другото, таму стои:

"...А бог Дај Бог, значи, ги давал луѓето, а бог Перун да растат и луѓето и стоката, а богињата Морена ги земала."

Уште еден редок и драгоцен запис на Вражиновски од с. Вранешница сведочи за споменот за Дажбог во нашите краишта:

"Во стари времиња, тоа се кажуваше, се веруваше многу во Господа. Луѓето ќе се крстат, еден Дај Бог, други Зли Бог, и така многубоштвото."

Дажбог нашол свое место и меѓу идолите на кнезот Владимир. Хроничарот Нестор (10 в.) запишал:

"И постави (Владимир) кумири на брдото над својот дворец: на Перун, од дрво, со сребрена глава и златна брада; на Хорс и Дажбог и Стрибог и Симаргл и Мокош[3]."

Според рускиот летопис од 12 век синот на Сварог бил Дажбог; во Хрониката на светот од Јован Малала од пред 10-от век, по смртта на Сварог власта ја презел синот му Сонце- Дајбог. Се среќава и во некои други руски и јужнословенски записи. Во богомилската дуалистичка перцепција на светот дадени му се атрибутите на сатана.

Дажбог се среќава и кај Јужните Словени, особено кај Србите. Постоеле верувања дека е тој бог кој дарува богатство, но неговото име било доведувано и во врска со збопрот дажд/ дожд, па од таму му се придавале и особините на бог кој дарувал плодност и бил заштитник на аграрот, бог кој создава услови за зреење на посевите, па веројатно од таму и неговото доведување во врска со сонцето.

Наводи

уреди
  1. Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр. 105
  2. Нина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Менора, Скопје, 2004, стр. 180
  3. Танас Вражиновски, Македонска народна митологија (1 – 5), Матица македонска, Скопје, 2006

Литература

уреди
  • Стојковска, Гордана (2004). Речник на јужнословенска митологија. Издавачки центар Три. ISBN 9989-918-97-X.
  • Б. А. Рыбаков "Язычество древних славян"
  • Вражиновски, Танас: "Народна митологија на Македонците" 1 и 2
  • Vasiljev Spasoje: "Slovenska mitologija"