Млади бунтовници
Млади бунтовници (шпански: Rebelde Way) е хит тинејџерска аргентинска теленовела. Серијата е снимена во Аргентина, во текот на 2002/2003 година, во две сезони. Стекнала многу популарност и надвор од нејзините граници. Во текот на последните години, снимени се и повеќе верзии на оваа тинејџерска серијa.
Млади бунтовници | |
---|---|
Жанр | тинејџерска, теленовела мјузикл |
Создадена од | Крис Морена Мартин Маријани |
Улоги | Камила Бордонаба Бенхамин Рохас Луисана Лопилато Фелипе Коломбо Катерин Фулоп Мартин Сефелд |
Тематски композитор | Крис Морена |
Воведна тема | Rebelde Way (Сезона 1, 2002), Tiempo (Сезона 2, 2003) , Vas a salvarte (Сезона 2, 2003) , Para cosas buenas (Сезона 2, 2003) |
Земја на потекло | Аргентина |
Првичен јазик | Шпански |
Бр. на сезони | 2 |
Бр. на епизоди | 318 |
Производство | |
Продуцент(и) | Крис Морена |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Canal 9 - Argentina |
Синопсис
уредиГрупа на тинејџери се здружува заедно во едно елитно средно училиште и иако се различни по карактер и социјален статус, сите тие заедно формираат музичка група која ќе стане популарна во нивната околина. Со групата, доаѓаат и сплетките, љубомората, зависта, но и љубовта како составен дел од тинејџерскиот живот.
Серијата стекнала голема популарност во Арегнтина и во соседните земји на Јужна Америка, а со тоа и групата Erreway станува мега популарна во целиот свет.
Серија која се разликува од сите останати по својата динамичност, особено интересно и невообичаено сценарио и хумористични елементи.
Прва сезона
уредиМиа (Луисана Лопилато) пред цело училиште изведува стриприз, бидејќи нејзиниот татко Франко не дошол на завршната приредба. Пабло )Бенхамин Рохас) после приредбата бега во куќата на Томас, бидејќи не сака да оди со родителите во Лондон. Тие двајца излегуваат со девојки и доживуваат сообраќајна несреќа и Пабло завршува во болница. Соња ја запишува Марица (Камила Бордонаба) во Elite Way. Марица оди во училиштето и веднаш и станува непријателка на Миа. Мануел (Фелипе Коломбо) доаѓа од Мексико и во Аргентина ја запознава Луна и нејзината тетка Сандра. Серхио сака да го тужи Пабло заради автомобилската несреќа. Но, поради мајката на Пабло, Мора , Серхио се одлучува да му помогне.
Цела следна трета година иде на школска екскурзија. Таму доаѓа и Пилар, омразената ќерка на директорот. Таа одлучува на сите да му се одмазди и почнува да објавува "училишни новости", во кои пишува трачеви за другите. Другите се сомневаат дека тоа го пишува Марица. Пабло и се заканува дека ќе ја турне во водата ако не престане да пишува трачеви за него. На вечерата, Луна пронаоѓа нови пколски новости. Пабло и вели дека е готова, ако нешто напише за него. Во новостите пишува дека гитарата на Пабло е фрлена во вода. Марица го искористува моментот на невнимателност на Пабло и бега од летувалиштето.
Почнува учебната година. Еден новинар на Марица и го носи Начо, едно напуштено дете. Таа се грижи за него и го крие во школскиот двор. Наскоро Пабло открива што се случува. Кога Пилар дознава дека Марица го крие Начо, таа тоа го објавува во школските новости. Социјалната служба го носи Начо, но го посвојува Пепа, аистентката на Соња. Мислејќи дека Пабло е виновен за се, Марица праќа една негова песна на радио. Серхио му се лути на Пабло, но Томас го спасува кажувајќи дека тој ја пратил песната.
Мануел се вработува кај Франко, што и пречи на Миа. Фели се забавува со Мануел и му праќа разни скапи подароци. Никој не го оптужува Мануел дека е со Фели само од корист. Кога Мануел раскинува со неа, Фели е многу тажна и паѓа во депресија.
Заради неплатени сметки во клубот, настанува групата Erreway. Првите членови се Мануел, Марица и Пабло, а Нико им е менаџер. Марица наоѓа на друг женски член, Фели. Миа го моли Гвидо да излезе со Фели, а таа за возврат ќе излезе со него. Но, пред самиот прв настап, Фели им се лути на Миа и Мануел бидејќи и се мешат во животот и одбива да настапи. Како нејзина замена оди Миа, а тие во клубот ја изведуваат песната "Sweet Baby". Членовите одлучуваат Фели да остане во бендот, што многу ја натажува Миа. Франко почнува да излегува со Мерседес, жената која ја остави пред многу години заради Марина, мајката на Миа. На Миа тоа не и се допаѓа и сака Мерседес да го остави Франко. Миа одлучува да пишува песни за групата.
Марица и Пабло глумат дека се пар за еден кон друг да ги тргнат родителите од вратата, но и да ја сокријат групата. Но, таман пред да се случи она вистинското, се појавува Спирито и ја носи Марица на месец дена во Италија. Кога таа се враќа, Пабло има нова девојка,Паола. Лухан му праќа на Маркос љубовни писма и се потпишува како Марица.Марица и тој почнуваат да излегуваат. Миа му станува девојка на Блас, училишниот надзорник. Соња почнува да излегува со Лука, младиот брат на Франко. Франко се труди да ја спречи таа врска. Мерседес бара нови начини да ја налути Миа. Мануел излегува со Хулиета, чиј бивши дечко бил член на Ложата. Маркос се зачленува во Ложата зада открие нешто повеќе за нив. Тој дознава дека во трета година има уште еден член. Нико, Мануел и Маркос сфаќаат дека е член или Гвидо или Томас. Пабло открива дека на Паола и е платено да биде со него, што многу го повредува. Марица и Лука одат на трка со коли, каде го запознава Симон, кој се замерува со Марица. Мануел почнува да излегува со помладата сестра на Мерседес, Лус. Лус открива дека Миа е во бендот и му праќа писмо на Франко во кое го известува за тоа. Третата година ја разоткрива Ложата. Гвидо ќе биде исфрлен од училиштето, а Сантјаго му помага да се врати. Маркос се наоѓа во болнива, бидејќи Ложата се обидила да го убие. Тој се заљубува во Лухан, која открива дека тоа е обострано. Франко и забранува на Миа да пее во бендот. Со помош од професорот Сантјаго, третата година ја разоткрива Ложата. Гвидо се враќа во училиштето. Пабло и Томас се обложуваат дека Пабло ќе успее да ја заведе Марица. Марица почнува да излегува со неговиот другар Факундо. Факундо и таа треба да се тркаат против Симон. Пабло сака Марица да се трка со него, затоа ги праќа луѓето на татко му да му ја одземат колата на Факундо. Марица дознава за тоа и побеснува. Пабло и вели дека тоа го направил само да се трка со неа и ја бакнува. Марица и Пабло некое време се пар, а раскинуваат кога Марица дознава за кладбата. Лухан и Маркос стануваат пар, како и Нико и Луна. Миа и Мануел глумат пар пред Франко. Марица и Миа го прославуваат роденденот. Блас ја открива вистината за Маниел. Иако најпрвен се шокирани од вистината, Франко и Миа одлучуваат дека не можат туку така што го избркат Мануел, бидејќи сепак тој се покажал прекрасно момче. Тие му откриваат на Мануел за тоа и дека Франко не е крив, туку чичкото на Миа, Лука. Лука одлучува да замине во Шпанија, и оди таму, претходно раскинувајќи со Соња. Групата е спремна за големиот настап во театарот Gran Rex. После настапот, родителите и училиштето дознаваат за Erreway. Училиштето им се заканува дека ќе ги избрка ако и понатаму имаат група. Тие наводно прифаќаат да се распадне групата. Но, по идеја на Соња, тие и понатаму ќе имаат група, но само ќе ја кријат. Марица открива дека Симон има дете, но неа тоа не и пречи. Симон сепак одлучува да и се врати на старата девојка, заради детето, и тие двајца раскинуваат. Марица и Пабло прифаќаат да одржуваат пријателски односи заради групата. Пабло оди со другарите на летување, а Марица со Лухан и Маркос на планинарење по Андите. Луна и Нико го напуштаат училиштето и одлучуваат да се венчаат на плажа , а на свадбата присуствуваат нивните другари од класот. Сантјаго дава отказ во школото, и со својата свршеница, професорката Рената, одат во Африка да ги подучуваат сиромашните деца. Миа , Фели и Вико треба да одат на одмор во Дизниленд , но Марица и ја заменува картата на Миа и кога Мануел се враќа во Мексико, а во неговиот авион влегува и Миа, и тие двајца стануваат пар.
Втора сезона
уредиМиа и Мануел се на заедничко патување на островот Галапагос, така што доцнат на почетокот на четвртата година. Во четвртата година доаѓаат и нови ученици, Франсиско Бланко, Роко Фуентес Ечагуе, Сол Риварола и Лаура Ареги, а во третата година доаѓа сестрата на Лаура, Долорес, која сите ја нарекуваат Лола. Франсиско е фино и воспитано момче, кој е добар со сите, Роко за сите е многу чуден поради неговиот рокерски стил , Сол е убавицата, но е злобна, а добрата Лаура е одлична ученичка и има разбирање за се. Нејзината млада сестра, Лола е бунтовна, бидејќи мисли дека нејзините родители повеќе ја сакаат Лаура отколку неа.
Односите на Марица и Пабло нималку не се поправаат. Кога Миа и Мануел се враќаат, Erreway продолжува со вежбите и пробите, правејќи нови песни. Erreway ја исфрла Марица од групата и наместо неа ја доведуваат Вико, но публиката ја сака назад Марица, така што таа се враќа. Лухан и Маркос раскинуваат, а тој почнува да излегува со Лаура. Мануел ја изневерува Миа со новата менаџерка на групата, Сабрина (Химена Акарди) и тие двајца раскинуваат. Сабрина му станува девојка на Мануел. Пабло открива дека татко му е во врска со Инес , која има син на иста возраст како и Пабло, Хавиер. Хавиер почнува да оди во школото, и се заљубува во Марица, Тој прави се да ја освои. Знаејќи дека Марица има сожалување кон оние кои се различни. Тој ја лаже дека има проблеми со здравјето. Пабло открива дека тој ја лаже, но Хавиер го уценува дека ако Пабло и каже на Марица, Хавиер ќе му каже се на Серхио за групата. Пабло попушта, но тој и понатаму се бори за Марица.
Во школото се појавува нов наставник, Мартин Андраде. Тој станува пријател со Пабло, и му открива дека името не му е Мартин туку Октавио, и дошол да си ја поврати својата ќерка, Марица. Кога Марица ја открива вистината, се кара со мајка и, го зема презимето на татко и, и се сели кај него. Подоцна таа се смирува со Соња. Соња и Франко стануваат пар, а подоцна и се венчаваат. Марица ја открива вистината за Хавиер, кога момчињата од класот и ја кажуваат вистината. Фели останува трудна од Лало, келнерот во училишното кафе. Лухан открива дека Блас е нејзиниот старател , но. Блас умира. Соња ја посвојува Лухан, така што Миа, Марица и Лухан стануваат сестри. Се појавува мајката на Миа, Марина, која открила дека кога ја напуштила Миа била наркоманка, но дека сега се излечила, и дека сака да помине повеќе време со ќерката. Меѓутоа , таа повторно ја напушта Миа. Мануел открива дека е сериозно болен. Му прават операција, по што тој го губи помнењето. Патува во Мексико, кај фамилијата, но пред тоа се сеќава на се. Меѓутоа, тој сепак заминува. Гвидо и Лаура стануваат пар. Во последната епизода, двата главни парови - Миа и Мануел, Марица и Пабло - конечно стануват парови. Големата фамилија Колучи, со Пабло одлучува да замине заедно на летување. Сите успешно ја завршуваат четврта година. Серхио Бустанамте е уапсен. Elite Way станува обично училиште. На крајот на школската манифестација за крај на годината, групата Erreway ја пее песната "Tiempo".
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Луисана Лопилато | Миа Колучи |
Бенхамин Рохас | Пабло Бустаманте |
Камила Бордонаба | Марица Пиа Спирито (Андраде) |
Фелипе Коломбо | Мануел Агире |
Катерин Фулоп | Соња Реј |
Фернан Мирас | Сантјаго Мансиља |
Мартин Сефелд | Франко Колучи |
Артуро Бонин | Марсел Дуноф |
Бој Олми | Серхио Бустаманте |
Химена Акарди | Сабрина Гусман |
Мигел Анхел Черути | Мартин/Октавио Андраде |
Млади бунтовници во Македонија
уредиСеријата Млади бунтовници стекна огромен успех во нашава земја, помеѓу младите тинејџери. Серијата се емитуваше на А1 Телевизија, од понеделник до петок со премиера во 11:00, и реприза во 15:00 часот. Поради големиот успех во Македонија, излегоа во продажба неколкуте албуми од популарната музичка група (шпански: Erreway)од серијата, како и официјалниот албум со сликички од првата сезона. Во 2004 година групата имаше планирано турнеја низ Европа , што ја вклучуваше и Македонија , но за жал турнејата беше откажана.
Други верзии
уредиВо светот исто така се снимија и повеќе верзии од популарната серија: Мексиканската (шпански: Rebelde), како и Индиската верзија (англиски: Remix), бразилската "Rebeldes" и португалската "Rebelde Way".
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Сериалс.ру Архивирано на 11 јули 2007 г.
- А1 Телевизија