Бенјамин Рохас (шпански: Benjamín Rojas) (роден 16 април, 1985) е познат аргентински глумец. Тој е најмал во неговото семејство од тројца браќа и една сестра. Заедно со неговите родители (Росалина и Почи) неговото детство и адолесценција ги поминал во родниот град Ла Плата . Тој како мал не ни сонувал дека ќе стане глумец , сè додека неговиот вујко не испратил негова слика на аудиција за улога во една серија на Крис Морена Груп. Вели дека доколку не бил глумец , ќе бил архитект.

Бенјамин Рохас
Benjamín Rojas
Бенјамин Ројас во краток филм Јасно е во 2017 година
Други имињаБенха, Нано
Активен1998-сѐ уште

Својата кариера ја започнува на 10 годишна возраст во детската сапуница "Chiquititas" (Дечиња) во улогата на Јаго, дете од џунглата. Подоцна ја добива улогата на Баутиста Арсе во истата серија. Тогаш всушност ја наоѓа својата прва девојка, Камила Бордонаба. Потоа во 2002 и 2003 глуми во серијата „Млади бунтовници“ (Rebelde Way) кога и го достигнува својот најголем успех. Истата година (2002) станува член на мега-популарната група Erreway. Во 2004 го снимаат филмскиот продолжеток на "Rebelde Way"- "Erreway 4 caminos" . (Еревеј 4 чекори). Во 2004 глуми во серијата "Floricienta" (Флорелашка) која достигнува огромен успех со своите 2 сезони (2004 и 2005). Во 2006 повторно се оформува Erreway, но без Луисана и тие прават концерти низ Шпанија. Истата година глуми во „Alma Pirata“ (Пиратска душа) заедно со Луисана , а во 2008 го снима филмот La Leyenda (Легендата) , приказна за автомобилизам . Во 2009 добива понуда од Крис Морена ( продуцентката со која ги има работено речиси сите проекти) да работи на серија со каналот Дизни , која ќе биде на англиски јазик. тој поминува 1 месец во Њујорк да го усоврши јазикот , и потоа ја снима мегапопуларната Jake and Blake која се прикажува низ целиот свет на каналот Дизни. По 2 години пауза , во 2011 ја снима серијата "Cuando me sonreis" (Кога ќе ми се насмееш) заедно со Факундо Арана , Хулиета Диаз и Маријана Еспосито. Исто така глуми и во мини серијата Atrapados. Во 2012 глуми во театарската претстава "Huicio husto" (Чесно судење). Во 2013 ја снима серијата "Mis amigos de siempre" (Моите стари пријатели) , заедно со Фелипе Коломбо и добива главна улога во театарската претстава "Al final del acroiris" (На крајот на виножитото) - приказна за животот на Џуди Гарланд. Негова девојка речиси 4 години беше глумицата и моделот Марија Дел Серо.

Надворешни врски уреди