Младен Царевски
Младен Б. Царевски ( 1912 во Бањане, Скопско — 1943 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Активно ги помагал Првиот и Вториот скопски партизански одред, особено во снабдувањето со храна и друг потребен материјал. Во 1943 година, враќајки се од базата на Вториот Скопски одред, некаде во Скопска Црна Гора му се изгубила трагата. Се претпоставува дека бил убиен од домашните предавници-контрачетниците. Не се знае каде е закопан.[1]