Младен Младеновски

Младен Младеновски ( 1921 во Булачани, Скопско15 февруари 1945 во Булачани, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. По капитулацијата на Бугарија, на 23 септември 1944 година стапил во бригадата „Гоце Делчев“. Со неа учествувал во завршните операции за ослободување на Македонија. Поради воените напори се разболел и починал на 15 февруари 1945 година. Бил закопан на селските гробишта во Булачани.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 97. На |first= му недостасува |last= (help)