Човек-паша и овчарот Михат

Човек-паша и овчарот Михат (српски: Човјек паша и Михат чобанин) - епска (ајдучка) песна.

Содржина уреди

На пашата му го носат овчарот Михат. Притоа, пашата го прашува, дали е вистина тоа што се зборува за неговиот имот во Призрен, а Михат одговара дека озборувањата се вистинити. Тогаш, пашата го прашува, зошто заминал во ајдуци, а Михат го дава следниов одговор: кога немал доволно сено, тој отишол да ги продаде овците, но тогаш поминале луѓето на пашата, кои му зеле 30 јагниња; тогаш, Михат се сожалил на јагнињата, ги убил Турците и им ги вратил јагнињата на овците. Слушајќи ја приказната, пашата му простува на Михат, му дава пари и го испраќа дома, додека Михат, пак, му го подарува својот коњ на пашата.[1] [2]

Осврт кон песната уреди

За главниот лик во оваа песна се претпоставува дека е ајдучкиот арамбаша Мијат Томиќ за кого е испеан третиот голем циклус ајдутски песни. Имено, во песната, пашата го нарекува Михат „турски душманин“. Инаку, изразот „Човек-паша“ означува безимен, непознат паша.[3] [4]

Наводи уреди

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 122-124.
  2. „Човјек паша и Михат чобанин“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 401-403.
  3. „Песме о хајдуцима“, во: Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 145.
  4. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 153.