Мишел-Ришар Делаланд

Мишел-Ришар Делаланд (француски: Michel-Richard de Lalande или Michel-Richard Delalande; 15 декември 165718 јуни 1726) — плоден француски барокен композитор и оргулар кој бил еден од најважните композитори на таканаречените големи мотети (искомпонирал речиси 80). Компонирал и оркестрални свити познати како „Симфонии за кралевите вечери“ (Simphonies pour les Soupers du Roy) или само „Симфонии“. Делаланд компонирал и балети.

Мишел-Ришар Делаланд

Роден е во Париз и бил современик на Жан-Батист Лили и Франсоа Купрен. Им предавал музика на ќерките на кралот Луј XIV, и бил директор на кралската капела од 1714, па сѐ до неговата смрт во Версај во 1726.

Делаланд се смета за најголемиот француски композитор на големи мотети, вид духовни дела кои му се допаѓале на Луј XIV заради нивниот раскош и величественост. Биле компонирани за солисти, хот и релативно голем оркестар. Според традицијата, Луј XIV приредил натпревар помеѓу композиторите во кој им давал ист духовен текст и исто време за да компонираат музика. Тој самиот бил судија. Делаланд бил еден од четирите победници назначен да компонира музика за секое тримесечје од годината (другите тројца биле Никола Купје, Паскал Колас и Гијом Меноре). Делаланд го имал најважното тримесечје во годината заради Божиќните празници. Подоцна бил одговорен за сета црковна музика во текот на годината.

Делаланд оставил многу верзии на сопствените дела. Во пораните верзии Делаланд го следел францускиот барокен стил, додека во подоцнежните ревидирани верзии се гледаат италијански мелизматични делови и поголема посветеност на полифоничниот контрапункт.

Постојат барем четири збирки на негови дела, од кои секоја е со различен поглед на неговите дела, според гледиштата на луѓето кои ги правеле збирките.

Научните дела за Делаландовите композиции многу години назадувале заради недоследноста во пишувањето на неговото презиме: де Лаланд, Лаланд, ла Ланд, де ла Ланд и др. Самото негово семејство се определувало за 'Делаланд'. Во 2006 конечно бил издаден дефинитивниот „Тематски каталог на делата на Мишел-Ришар де Лаланд“ (1657-1726) (Thematic Catalogue of the Works of Michel-Richard de Lalande (1657-1726)), дело на истакнатиот британски музиколог Лајонел Сокинс со 752 страници кое содржи над 3.000 музички примери и подрбоности за изведба, сите изворни материјали, како и сеопфатни индекси и тематски пронаоѓачи.

Надворешни врски

уреди