Ростислав Михајлович
Ростислав Михајлович (унгарски: Rosztyiszláv,[1] бугарски и руски: Ростислав Михайлович) (по 1210[2] / ок. 1225 – 1262)[3] бил руски кнез и достоинственик во Унгарското кралство.[1]
Тој бил кнез на Новгород (1230), на Галич (1236–1237, 1241–1242), на Луцк (1240), и на Чернигов (1241–1242).[2] Кога не можел да ја зацврсти својата власт во Галич, отишол на дворот на унгарскиот крал Бела IV, каде што се оженил се неговата ќерка Ана.[1]
Тој бил бан на Славонија (1247–1248), а подоцна и господар на Мачва (по 1248–1262), и на тој начин управувал со јужните делови на кралството.[1] Во 1257, тој го зазел Видин а потоа се прогласил за цар на Бугарија.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Kristó, Gyula; Engel, Pál; Makk, Ferenc. Korai magyar történeti lexikon (9-14. század).[се бара страница]
- ↑ 2,0 2,1 Dimnik, Martin. The Dynasty of Chernigov - 1146-1246.
- ↑ Zsoldos, Attila. Családi ügy - IV. Béla és István ifjabb király viszálya az 1260-as években.
- ↑ Fine, John V. A. (1987). The Late Medieval Balkans - A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest. ISBN 9780472100798.