Калиман II Асен
Калиман Асен II (бугарски: Калиман Асен II), или Коломан Асен II, бил цар на Бугарија краток период во 1256. Годината на неговото раѓање не е позната.
Калиман Асен II | |
---|---|
цар на Бугарија | |
На престол | 1256 |
Претходник | Михаил Асен I |
Наследник | Мицо Асен |
Династија | Асениди |
Татко | Александар |
Калиман Асен II бил син на севастократорот Александар, кој бил помлад брат на Јован Асен II. Мајката на Калиман Асен не е позната, а обидите да се идентификува како српска принцеза се засноваат на погрешното поистоветување на Калиман Асен II со севастократорот Калојан, кој сè уште бил жив во 1258/59.
Во 1256 Калиман Асен го убил својот прв братучед царот Михаил Асен I за време на лов во околината на Трново и го презел тронот. Тој се оженил со вдовицата на Михаил Асен, неименуваната ќерка на Ростислав Михајлович, но не можел да се одржи на тронот. Ростислав напредувал од Белград кон Трново, а Калиман Асен II избегал од столицата. Ростислав се вратил дома со својата ќерка и претендирал на титулата цар на Бугарија, додека престолот го презел Мицо Асен. Во меѓувреме, Калиман Асен II бил убиен откако бил напуштен од повеќето негови поддржувачи.
Наводи
уреди- John V. A. Fine Jr., The Late Medieval Balkans, Ann Arbor, 1987.